Реклама

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Македонија

Скопје нема да биде европски град на младите за 2027 година

Скопје е на чекор да ја загуби титулата европски град на културата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје е на чекор да ја загуби титулата европски град на културата, но во меѓувреме дефинитвно ја загуби номинацијата да биде европска престолнина на младите за 2027 година. Иако градот стигнал до финалната фаза од апликацијата, во извештаите стои дека откако интересот од градската управа магично исчезнал, младинските организации во знак на протест се откажале. Арсовка не ги удостоила ниту со средба, односно градската управа не се појавила на закажаниот состанок со претставниците од Европскиот младински форум на кој требало да се дискутира на оваа темна. Од националниот младински сосвет обвинуваа дека градоначалниката целосно ја занемарила процедурата и во пет до дванаест ја откажала презентацијата на апликацијата пред комисијата за што стигна потврда и од Европскиот Младински Форум.

Неуспехот да стапиме во контакт и на самиот почеток да воспоставиме одржливо партнерство само ни покажа дека градот не е суштински посветен на младите и кандидирањето за оваа титула не е мотивирано од вистинската потреба за  поставување на младите високо на листата на приоритети” стои во дел од соопштението на Националниот Младински Совет.

Под голем ризик се става и организацијата и реализацијата и на Скопје-Европски град на културата за 2028 откако градските власти не доставиле извештај кој ги исполнува стандардите на Европската Комисија и постои голема можност да се одземе правото на организација што би било своевиден преседан за прв пат од одржување на оваа манифестација.  

Реклама

“Одборот сакаше прецизни информации за тоа кој работи на културната програма, колку проекти од тендерските постапки беа потврдени во оваа фаза, како планирале да продолжат да ја развиваат програмата и врз основа на која критериуми. Понатаму, Одборот сакаше да знае кога Градот Скопје очекува да обезбеди ажурирана програма и детален буџет. Претставникот на Градот Скопје ги спомена тековните културни активности кои се одвиваат во градот кои не беа конкретно релевантни за Скопје 2028 и не наведоа специфики за проектите поврзани со Европската престолнина на културата. Градскиот претставник истакна дека ажуриран  список со активности и програма ќе биде изготвен, но не беше утврдена јасна временска рамка” стои во извештајот на Европската Комисија.

Можноста да се одземе статусот град на културата за 2028 година ги дигна и граѓаните на нозе. Дел од нив започнаа иницијатива за собирање на потписи со кои би се одзело правото на организација на Град Скопје, за што реакција имаа и од градската управа која испратија демант и обвини дека се шират лаги и манипулации.

“Тврдењата дека „Градот Скопје ја губи титуталата Европски Град на културата и дека подготовките бележат значителни доцнења“, се неточни, манипулативни и шпекулативни. Напротив, процесите во исполнување на превземените обврски Скопје – Европски Град за 2028 година течат според предвидената и договорената динамика”стои во демантот.

Двете  номинации на престолнината од страна на Арсовска не така одамна беа најавен како голем и значаен чекор со кој се дава уникатна можност за афирмација и промоција на главниот град. Арсовска меѓу другото вети застапеност на младинскиот активизам и поголема вклученост на младите во носењето на одлуки во општината и целосна културна афирмација.  

Даниел Ѓорѓевски