Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Мицкоски: Во Гевгелија започна изградбата на Трговски центар, инвестиција вредна околу 20 милиони евра и отворање на 350 нови вработувања

За Гевгелија ќе значи тоа многу, така што како претседател на Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За Гевгелија ќе значи тоа многу, така што како претседател на Владата ценам дека секогаш кога во Македонија ќе се прават ваков тип на објекти ние сме тука да помогнеме, да го забрзаме овој процес, да го одблокираме ако е закочен за да можат овие инвестиции да бидат реалност, потенцира Мицкоски.

Добар ден и од мене, за мене претставува секогаш чест кога сум поканет на вака убави настани како што е овој овде. Немам што да додадам од тоа што го кажа градоначалникот и инвеститорот, освен тоа да посакам среќа и успешна работа и што побргу да се реализира. Многу амбициозен е планот на инвеститорот, но не и неостварлив бидејќи до сега како што и самиот инвеститор во својот говор овде кажа во рекордно време благодарение на амбициозниот тим и амбициозната работа на градоначалникот на Општина Гевгелија овој проект доаѓа во оваа фаза во која што е денеска, да можеме да поставиме камен темелник на инвестиција вредна самите слушнавте околу 20тина милиони евра. Од тоа што можев во разговорите да дознаам некој детал повеќе дека ќе имаме околу 350 нови вработувања на почеток до максималниот капациет и 500тини, изјави премиерот на Владата Христијан Мицкоски.

Тој додаде, дека оваа точка е навистина значајна бидејќи околу 15 милиони возила годишно ќе поминуваат тука, тоа значи голема можност за бизнис, голема можност и за ширење и за проширување на инвестицијата.

Реклама

-За Гевгелија ќе значи тоа многу, така што како претседател на Владата ценам дека секогаш кога во Македонија ќе се прават ваков тип на објекти ние сме тука да помогнеме, да го забрзаме овој процес, да го одблокираме ако е закочен за да можат овие инвестиции да бидат реалност, потенцира Мицкоски.

„Нашата цел веќе неколку пати повторена во јавност е да оваа година за прв пат забележиме, ние рекордот го поминавме, но да забележиме бројка на инвестиции која што ќе надмине една милијарда евра, со што како држава ќе бидеме во првите три по глава на жител кога станува збор за странски инвестиции.

Така што уште еднаш честитки на инвеститорот за одлучноста, благодарност до општината, до администрацијата, до сите што помагаа за оваа инвестиција да дојде во оваа фаза во која што е денес“, потенцира во изјавата.