Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Стружани ќе останат без вода ако ЈП Водовод не си го плати долгот кон ЕВН

Доколу јавното претпријатие “Водовод ” не го подмири долгот за струја во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколу јавното претпријатие “Водовод ” не го подмири долгот за струја во висина од околу 280.000 евра,Струга ќе остане без капка вода бидејќи компанијата снабдувач со електрична енергија ќе ги исклучи пумпните станици од електро-енергетскиот систем. Локалната власт и јавното претпријатие со амин на мнозинството во Советот најдоа за нив соломоски решение, огромниот долг кој се акумулирал за само една година, да го превземе и така удавена во долгови Општина Струга.На ова силно реагираа опозициските советници.

 “Вакви долгови општината не би требало да покрива и треба да се побара одговорност. Навистина граѓаните на  Струга, оние кои живеат на вода се соочуваат со есенцијално прашање поврзано со водата и освен високите сметки за вода, треба да покриваат и долгови кои настануваат нерационално “–вели Никола Кукунеш-советник од ВМРО ДПМНЕ

–Создадено е непишано правило Општина Струга која е основач на јавните претпријатија да го превзема плаќањето на нивните долговите кои континуирано се создаваат ,а за тоа никој не превзема одговорност ,велат од Алијанса на Албанците.

Реклама

Прашан како настал овој огоромен долг од 280.000 евра за 365 дена, директорот на претпријатието вели дека наследените долгови се зголемиле затоа што годинава пресушиле изворите кои ја гаснат жедтта на стужани,па морал дополнително да ги вклучи пумите за црпење на подземни води што според него,троши многу струја.

Кога дојдов во претпријатието наследив блокирана жиро сметка со судско решение согласно кое можам да користам месечно 8 милиони денари,а само за плати и други обрски одат 7 милиони денари. Побарав од судот зголемување на времената рамка на 10,5 милиони денари но тоа беше одбиено.Затоа неможеме да го исплатиме долгот кон ЕВН”, вели Дашмир Насуфи –директор на Ј.П “Водовод Струга :”

Насуфи потврди дека стужани ревносно си ги плаќале сметките за вода, со што на контото на прептријатието во последното тромесечје имало 3 милиони денари, пари кои што не се доволни за нормално функционирање на претпријатието. Поради долгот во неколку наврати до сега остана без струја административната зграда на прептпријатието.

Росица Голабоска