Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Чешмите ќе секнат, од вечерва Скопје без вода

Викенд без вода во Скопје.  Од вечерва пред полноќ „Водовод“ ќе прекине…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Викенд без вода во Скопје.  Од вечерва пред полноќ „Водовод“ ќе прекине со водоснабдувањето во поголем дел од општините во главниот град. Ќе се работи на дефектот на градскиот цековод, а вода ќе имаат само населбите од левата страна на Вардар.

„Вечерва во 22 часот ќе почне санацијата на големиот дефект. Главната цевка од водовод ќе биде затворена од локацијата зад мене, каде што се наоѓа касарната во Ѓорче Петров“.

Од јавното претпријатие „Водовод“ денеска преку соопштение ја информираа јавноста дека подготвен е оперативен план со кој се предвидува прецизна постапка за овој зафат со цел брзо и ефикасно решавање на проблемот.

Реклама

„Се очекува оваа операција да заврши за помалку од 15 часа во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод“, велат од „Водовод и канализација“.

Граѓаните подготвени за она што ги чека, велат дека веќе се снабдиле со вода и имаат направено залихи, со оглед дека вода за пиење и хигиена нема да има додека целосно не се санира дефектот. Рафтовите за вода во маркетите постојано се празнат и се надополнуваат.

Вода се купува на големо, но и покрај зголемената потрошувачка од „Пазарниот инспекторат“ велат дека не е пријавено или забележано поскапување.

„Нема менување на цени. Сега кај некои помалите правни субјекти, помалите малски субјекти, тоа може да се оди по пријава, меѓутоа да, ќе излеземе на терен, ќе го увидиме“, рече Влатко Стојкоски, директор на пазарен инспекторат 

Немањето вода ќе биде проблем и за функционирањето на клиниките. Одложени се операциите во Клиничкиот центар, а од Министерството за здравство објаснија дека ќе се третираат само итни случаи.

Љубиша Владимиров