Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Криминалот во државната лотарија веројатно оди и многу подлабоко – се проверуваат повеќе тендери

Финансиска полиција ги чешла јавните набавки во Државната лотарија. Неофицијално шест тендери…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Финансиска полиција ги чешла јавните набавки во Државната лотарија. Неофицијално шест тендери во периодот од 2022 до 2024 се предмет на истрага. Станува збор за набавки за компјутери, компјутерска опрема и телевизори од компанијата Ритрон Копи која е со седиште во Куманово, а сопственикот е од Липково. Фирмата е формирана во мај 2014-тата година.

Со неа се склучени договори во износ од 402 261 евра, за телевизори за инсталација на електронски игри, телевизори за продажните места на деловни соработници, копмјутери и комуникациска опрема .

Неофицијално според наши извори  на барање на финансиската полиција е извршен и попис во државна лотарија, меѓутоа официјалните документи се уште инспекторите не ги добиле.

Реклама

Она што е може да се забележи е дека од 2020 до 2023 та година Ритрон копи склучува тендери и со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, каде министер случајно или не бил Артан Груби. Вкупно се потрошиле 67.904 илјади евра.

Првиот договор е склучен на 9-ти декември 2020 во износ од 6 504 евра, потоа во јуни 2021 во износ од речиси 20 илјади евра па  на 8-ми март 2022 е склучен договор со Договорот е тежок над 24 илјади евра и е за набавка на компјутерска опрема. Година дена подоцна, на 27 април 2023 та година истото министерство повторно склучува договор со Ритрон Копи во износ од 16.238 евра.

Приказната за Ритрон Копи и тендерите во Лотарија се поврзува и од друга страна и тоа преку сопственикот на АП Солутионс, 19 годишниот кумановец Фљамур Невзатовски кој склучи тендер со Лотарија во износ од околуи 205 илјади евра и тоа за набавка на апарати за коцкање за Државна лотарија. Спорно е што како токму Невзатовски во истиот период кога станува сопственик на АП Солутионс бил вработен во Ритрон копи.

Неофицијално, се истражува и  договорот за закуп на поранешниот ресторан за свадби во скопско Визбегово. Според него Државна лотарија требаше да плаќа околу 25.000 евра месечна кирија со ДДВ, односно околу 2.6 милиони евра за период од 10 години.

Досега официјално кривични пријави има само за организирање игри на срежа без лиценца, за незаконско формирање на Нова државна видеолотарија како и за набавка на видеолотариски терминали. Вкупната штета се проценува на над 8 милиони евра.