Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

МВР распиша потерница по Груби и Бајрами

Артан Груби и Перпарим Бајрами официјално станаа бегалци барани со меѓународна потерница.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Артан Груби и Перпарим Бајрами официјално станаа бегалци барани со меѓународна потерница. МВР објави потерници за двајцата кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија.Тие засега се недостапни на органите на прогонот.

Бајрами веќе се обезбедил со правна одбрана, неговото семејство го ангажирале адвокатот Антонио Апостолски. Тој за Алфа вели дека неговиот клиент, последниве месеци живее и работи надвор од Македонија.

“Денеска само се пријавив во судот како правен застапник, ангажиран сум од семејството Бајрами. Од утре заедно со тимот од мојата канцеларија ќе бараме од ОЈО да ни дозволи увид на предметот.Моите информации се дека тој последниве месеци живее и работи надвор од државата” – вели Антонио Апостолски адвокат на Перпарим Бајрами.

Реклама

Во меѓувреме, Артан Груби преку својот адвокат се пазари за притвор. Тој неофицијално го уцени судот за неговото враќање во Македонија, ако не одел во Шутка ќе се врател.

Човекот кој го “спаси” Артан Груби, а и ја злоупотреби својата положба како почесен конзул на Косово во Македонија, бил повикан во полициска станица Карпош на информативен разговор, потврдија од МВР.

Станува збор за Арсим Папранику кој е газда на “Нептун”. Тој беше посочен како сопатник на Груби, каде што дипломатските таблички му ја кренале рампата на Блаце, а Груби со албански пасош влегол на територија на Kосово. Дали е уште таму или заминал во Aлбанија, засега не се знае.

Полицијата во понеделникот изврши претрес во куќата на Груби но и на други девет локации и пронашла вкупно 60 илјади евра во кеш. Беше претресена и куќата на Бајрами кој е осомничен дека пред неколку месеци побегнал во Косово.

Истрагата за злоупотребите во државните игри на среќа се проценува проневера од речиси  8,2 милиони евра . Груби, Бајрами и останатите осомничени за криминалите во Државната лотарија ќе одговараат за малверазациите со тендерите за набавка на нови коцкарски апарати.