Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Судијата Пајазити бил тргнат од распоред кога се одлучуваше за притворите на „Лотарија“ и „Барон“

Претседателот на Кривичниот суд во понеделникот итно направил друг распоред за судиите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Кривичниот суд во понеделникот итно направил друг распоред за судиите на претходна постапка и го тргнал најизвиканиот судија Пајазит Пајазити да не одлучува за притворите на криминалната група Барон и случајот со Државна лотарија, за Алфа брифираат извори од судот.

На првичниот распоред, за тековната недела требало да дежура судијата Пајазити, но со новото прераспоредување, дежурал судијата Васил Диневски.

Нејасно е дали овој потег значи спас за судијата од закани и притисоци од Барон мафијата, или спречување на евентуално политичко влијание, со оглед на тоа што Пајазити е поврзан со неколку звучни и контроверзни случаи.  

Реклама

Покрај овие две истраги во истиот ден од Обвинителство е доставен и предлог притвор за тепачка што се случила во Градскиот парк, па судијата Диневски турбо работел на три случаи.

На прашање на Алфа дали претседателот на судот, Иван Џолев итно направил нов распоред, од Кривичниот суд појаснуваат дека случајот Лотарија бил доставен во понеделникот по 22 часот, и го презел дежурен судија. Но нема појаснување дали е направен нов распоред.

Заради тоа и невозможно е предлогот, претходно, да бил распределен кај друг судија, па да се даде на дежурниот и истото може да се провери и со надлежното Обвинителство, велат од Кривичен суд.

Судијата Пајазит Пајазити го пушти во домашен притвор поранешен војник на УЧК Блерим Рамадани. Тој избега на Косово истиот ден кога судот му ја укина одлуката за куќен притвор. Неговата вмешаност во екстрадицијата и куќниот притвор на Рамадани го привлече вниманието за неговите судски одлуки низ годините. Судскиот совет се уште не одлучил дали Пајазити ќе биде разрешен поради бегството на Рамадани. ж

Имено, Пајазити не определи притвор ни за осомничените насилници во Македонска навигација иако имаше предлог за притвор од Обвинителство. Тој го спаси од затвор и Иџет Мемети, членот на Советот на обвинители кој призна дека земал мито. Пајазити ја прифати спогодбата што ја направил митаџијата Мемети во Обвинителство и го осуди со условна казна. Исто така, прифати и тригодишна казна за врховниот судија Наќе Георгиев кој заедно со Мемети се осудени за земање поткуп од 10. 000 евра.

Судијата Пајазит Пајазити е заменик претседател на Кривичниот суд.