Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Бизнисменот и почесен конзул кој го пренесе Груби на Косово на распит во полиција

Почесниот конзул на Косово во Македонија и сопственик на маркетот „Нептун“, Арсим…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почесниот конзул на Косово во Македонија и сопственик на маркетот „Нептун“, Арсим Папранику во моментов се наоѓа во полициската станица Карпош, каде дава исказ во врска со случајот за махинации во Државната лотарија, за кој се бара поранешниот прв вицперемиер Артан Груби, дознава НетПрес.

Инаку, Арсим Папранику беше идентификуван во медимите како бизнисменот кој со своето возило со дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот на полициската акција.

Груби, кон Косово патувал под дипломатски превез со познатиот и успешен бизнисмен во регионот од Македонија, Арсим Папранику кој пак, во 2018-та е именуван за почесен конзул на Косово во Mакедонија.

Реклама

Според претходно денеска објавената потерница на Министерството за внатрешни работи, поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами, кој од порано е излезен од Македонија, се сомничи за „злоупотреба на службената положба и овластување“ за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“

Поранешниот прв вицепремиер на владата на СДСМ и ДУИ, Артан Груби, пак, е осомничен за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“.

Заедно со Груби и Бајрами, осомничен за „злоупотреба на службената положба и овластување“  осомничен е и поранешниот премиер Димитар Ковачевски (50), како и уште пет лица.