Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Арсовска ќе ги носи скопјани жедни преку вода: Во сабота водата ќе секне во Скопје, а никој не знае кога и за колку време

Од петок на полноќ скопјани ќе останат без вода. Причината е дефектот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од петок на полноќ скопјани ќе останат без вода. Причината е дефектот од пред десетина дена на главниот цевковод, што се наоѓа под касарната во Ѓорче Петров. Од „Водовод и канализација“ велат дека истиот ќе го затворат петок вечерта, но, не кажуваат до кога ќе трае санацијата.

„Поточно санацијата на главниот цевковод ќе почне првично со затворањето во вечерните часови во петок, односно во сабота од 24 часот со затворање и се планира да се затвори цевководот во утринските часови во сабота на 21. Откако ќе се затвори вода ќе почне со санација на главниот цевковод.

До кога ќе трае санацијата?

Реклама

Тоа е варијабилна информација, додека не се завршат зафатите што се предвидени со санацијата.

Значи за целиот тој период скопјани ќе останат без вода за пиење?

Значи пред се десната обала на Вардар од „СП Планет“, па надоле Порта Влае, Карпош Тафталиџе, Центар, Кисела Вода, Аеродром, Драчево, Зелениково. Значи се планира да остане без вода како и дел од левата обала на Автокоманда ниска Зона“, вели Иван Чически од „Водовод и канализација“.

Најавената санацијата следи 10 дена по големиот дефект. Се почнува од булеварот „Никола Парапунов“ во Карпош 4, каде континуирано се излеваат огромни количини питка вода сите овие денови. Граѓаните револтирани велат дека не е нормално во 21 век, во главен град на држава, да бидат оставени без вода и дека уште сега се подготвуваат за тоа што ги чека викендов.

Револтот на граѓаните е видлив и на социјалните мрежи. Велат дека во нормални држави, дефект на водоводна мрежа од вакви размери, не се санира во сабота пред празници, и не по толку многу време од појавувањето на дефектот.

Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија дека изготвен е сложен оперативен план за поправка и не само на „Никола Парапунов“, туку и на уште други три места по должината на главниот цевковод, и тоа на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар Партизански одреди со улицата Никола Парапунов.

Љубиша Владимиров