Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на средба со Питер Смолвуд и Рон Неринг

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Питер Смолвуд, истакнат член на британската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Питер Смолвуд, истакнат член на британската Конзервативна партија и со Рон Неринг, директор за меѓународни програми на американскиот Институт за лидерство и поранешен претседател на Републиканската партија на Калифорнија.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, биле разменети мислења за меѓународната, европската и регионалната политика, воените конфликти и можните решенија за мир.

Посебно внимание било посветено на Западниот Балкан и неговата долга и компликувана демократска консолидација и евроинтеграција.

Реклама

Била реафирмирана и потенцирана важноста на американско-македонското стратешко партнерство по победата на Републиканската партија и на Доналд Трамп на претседателските избори.

На средбата била изразена согласност дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ конечно ќе стави крај на опасноста од дестабилизација и балканизација и ќе доведе до негова реунификација во Европа, каде припаѓа не само географски, туку и историски и културно.

Соговорниците изразиле разбирање и поддршка за почеток на нашите преговори со ЕУ.