Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Божиновска: Македонија поблизу до енергетска ефикасност преку Фондот на Светската банка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денес оствари работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денес оствари работна средба со претставници на Светската банка.

Во фокусот на разговорите беа енергетската ефикасност и заложбите на Македонија да постигне енергетска независност и трансформација кон обновливи извори на енергија, како и можностите и придобивките што ги нуди Фондот за енергетска ефикасност и соработката со Светска банка на ова поле.

На средбата, експертите за енергетика од Светската банка, Адитја Лукас, (Aditya Lukas – task team leader, Senior Energy Specialist), Редон Беголи (Rhedon Begolli dpt. Country Manager, energy specialist) и Иван Крофак (Ivan Krofak Energy consultant), ја презентираа финансиската рамка на фондот за енергетска ефикасност, потенцирајќи ги придобивките и значењето на овој фонд за постигнување на целите на Македонија.

Реклама

Претставниците на Светската банка ја информираа министерката и за тековната имплементација на проектите за енергетска ефикасност што се работат на ниво на државата и на ниво на општините. Се разговараше и за можностите за идни проекти, а со цел зајакнување на соработката и постигнување на посакуваните резултати.

На средбата беше потврдена заложбата на Светската банка во континуитет да пружи помош и финансиска, техничка и организациска поддршка од областа на енергетиката, а со цел обезбедување брза зелената транзиција на македонскиот енергетски сектор.

Учесниците на состанокот уште еднаш ја потврдија досегашната одличната соработка и заложбите за нејзино понатамошно продлабочување.

Светска банка, соработувајќи со македонските институции, врши Систематската дијагностика за земјата (Systematic Country Diagnostic) со цел да ги идентификува најкритичните препреки и можности за да се промовира заеднички просперитет на одржлив начин.