Реклама
Македонија

Министерството за транспорт го објави вториот јавен повик за воведување на нови авиодестинации за период 2025-2027

Јавниот повик е отворен и на него можат да се пријават сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавниот повик е отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполуваат следниве критериуми:  

  • Да имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 година
  • Да имаат остварено профит од минимум 10 милиони евра во 2023 година
  • Да поседуваат уверение за исполнување на безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз

Барањата за финансиска поддршка ќе се разгледуваат и одобруваат по принципот на првенство при поднесување на барањето се до исцрпување на средствата утвредени со Програмата на Владата.  Во рамките на тригодишната програма 2025-2027 година за овој (втор) јавен повик предвидени се средства во висина од 207 милиони денари. Во однос на износот на финансиската поддршка, истата ќе изнесува исто како и во првиот јавен повик и тоа:

  • 9 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен до Меѓународен аеродром Скопје
  • 12 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен до аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид.

Заинтересираните авиокомпании ќе можат да поднесуваат барања за субвенционирање во текот на целиот период за кој се доделува финансиската поддршка.

Реклама

Јавниот повик е објавен во Службен весник, на веб страната на Министерството за транспорт и врски, како и во домашни печатени медиуми и еден странски медиум.

Со првиот јавен повик, Минстерството за транспорт обезбеди 6 нови авиолинии и тоа од аеродормот од Скопје кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт,  а од охридскиот аеродром кон Истанбул и Милхаус.