Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Азески: Коморските лидери во Скопје, недела неработен ден под лупа, економскиот развој на државата со минимум три отсто раст

Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) утре во Скопје ќе ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) утре во Скопје ќе ја одржи 33. седница. Домаќин ќе биде потпретседателот на КИФ и претседател на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

На седницата, како што информира Азески, лидерите на коморите од регионот ќе дискутираат за клучните приоритети во 2025 година, имајќи го предвид вид почнувањето на примената на новиот Акциски план за Заеднички регионален пазар, во кој КИФ е активно вклучен во структурата на управување со процесот во однос на имплементацијата и надгледувањето на мерките предводени од приватниот сектор.

-Со усвојувањето и имплементацијата на стандардите на ЕУ, како основа на мерките во рамките на Заедничкиот регионален пазар, Акцискиот план служи како важна пристапна порта кон единствениот пазар на ЕУ во многу сектори и како алатка за унапредување на процесот на пристапување во ЕУ, и затоа вклучување на стопанските комори од регионот со активности, преку КИФ во овој процес, е од клучно значење за максимизирање на придобивките, потсетува Азески.

Реклама

Тој во денешното соопштение до медиумите се осврнува и на случувањата во домашната економија.

-На домашен план како да почнаа да се заокружуваат клучните економски активности. Се донесе буџетот, финишираат активностите со унгарскиот кредит, Бехтел и Енка се внесени во извршување на работите, странските инвестиции продолжуваат, на анализа одат неколку суштински закони меѓу кои и Законот за работни односи во делот на недела неработен ден. Што значи после три годишна имплементација Законот оди на преиспитување. Растот на бруто домашниот производ од три отсто за третото тромесечје дава поттик и надеж за акција – 2025-та да биде година во која секоја нареда година ќе имаме повисока стапка на раст. За таа цел, Комората во петокот организираше два настана кои ги фокусираат нашите приоритети – борба против корупцијата и градење вештини за потребите на бизнисот во високо образовните институции, како продолжение на се она што го направивме во дуалното образование во средните училишта. Бизнисот е структура која работи на долги патеки и во моментов претставува единствен кохезионен партнер на нашите простори: меѓудржавни, меѓунационални, меѓуверски, генерациски,… Нашиот предлог е сосема едноставен. Поддржете ги нашите вакви определби, за да може бизнисот да Ве поддржи вас, порачува Азески.

По новогодишните празници активностите не Комората продолжуваат, а ќе почнат, како што најавува претседателот, со две значајни работи.

-Во Скопје ќе се одржи работна средба на Асоцијацијата на балкански комори (АБК), на која исклучиво ќе се разговара за развојот на инфраструктурата на Балканот во функција на развој на бизниот, особено за железницата која е рак рана на транспортот како важна алатка во нашето работење. За таа цел, оваа недела ќе имам работни средби со моите колеги од Грција и Турција, Масутис и Хисарчиклиоглу, на кои ќе ги дефинираме заклучоците на АБК. На домашен план, ќе стартуваме со отворање на институтот за извоз кој произлезе од проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција” што се спроведува во партнерство со УСАИД, со новиот состав на Националниот совет за извоз како обединувачко тело на приватниот и јавниот сектор во делот на извозот, наведува Азески.