Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Штип го решава деценискиот проблем со водата

Штип, конечно ќе го реши деценискиот проблем со водоснабдувањето. Со изградбата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штип, конечно ќе го реши деценискиот проблем со водоснабдувањето. Со изградбата на двата резервоари, немањето на вода со кое посебно во летниот период се соочуваат жителите во повисоко населените зони, ќе станат минато. Почна да се гради резервоарот „Пребег„ кој е дел од водоводната Линија 2. Откако ќе биде завршен овој,  ќе почне да се гради и вториот резервоар „Мери„, најави градоначалникот на Штип.

„Линија 2 е веќе комплетно поврзана, се прават последните подготовки за поврзување до локацијата каде се планирани двата резервоара и со тоа откако ќе бидат изградени двата резервоара ќе биде ставена во функција. За резервоартите „Мери„ и „Пребег„ се издвоени средства од самопридонесот. Со нив ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите на Штип, со немањето на доволно капацитет во постоечката инфраструктура за водоснабдување„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Со изградбата на двата резервоари и пуштањата на водоводната Линија 2, освен решавање на проблемот со водоснабдувањето, ќе се овозможи и урбанизирање на неколку локации кои досега се користеа како викенд населби. Овде ќе поминува и новата обиколница, која ќе се гради со пари од унгарскиот заем

Реклама

„Ќе се додаде вредност и ќе се овозможи урбанизирање, овде ја вклучувам населбите Плуждино, Кежовица, односно перспективно населби и места кои можат да се урбанизираат и со зона за лесна индустрија и со домување. Очекувам првата половина на 2025 да биде реализирано и ставено во фукнкција„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Целиот проект, односно изградбата на Линија 2 и двата резервоара изнесува околу 2милиони евра. 900.000евра се од самопридонесот, а 1.100.000 евра преку ТАВ програмата, откако оваа компанија се откажа од изградбата на карго аеродром во близина на Штип. 

Александра Ристеска