Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

„Штета од шест цифри во евра“ – Финансиски злоупотреби што ги направил Фрчковски како амбасадор во ОН

Штета од шест цифри во евра, толку се проценките на финансиските злоупотреби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штета од шест цифри во евра, толку се проценките на финансиските злоупотреби што ги направил Љумобир Фрчковски како амбасадор во Обединетите нации. До крајот на декември ќе заврши постапката во МНР со сериозни индиции дека Фрчковски се расфрлал со народните пари. Министерот Муцунски загрижен од ваквото неодговорно однесување на македонските дипломати, вели дека во иднина нема да се толерираат злоупотреби.

  • „Спроведена е внатрешна постапка во МНР, информациите кои стигнаа до мене се навистина многу загрижувачки. Ние ќе ги преземеме сите неопходни мерки, а понатаму ќе имаме обврска, да ги информираме релевантни институции од правосудството, но што ќе преземат тие излегува од наша надлежност и преминува во нивна надлежност“, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Според Муцунски секој има право да си ја каже својата страна, но министерството сите докази кои ги има ќе ги достави до истржаните органи со барање народните пари да се вратат во државната каса.

  • „Јас тука ништо не можам да спорам, но сум убеден дека откако МНР е раководено од моја страна внимаваме секогаш максимално да се почитуваат законите и процедурите, што, за жал, морам да констатирам, не било пракса додека ова Министерство било раководено од мојот претходник. Најеклатантен пример е последното отповикување на генералниот конзул во Њу Џерси каде лицето било именувано на таа позиција спротивно од одредбите на Законот. Таква пракса не смееме да дозволиме, треба да бидеме репер за почитување на законите“, рече министерот.

Токму злоупотребите се една од причините зошто е потребен нов закон за министерството за надворешни работи.

Реклама

Според измените во дипломатијата ќе се зголеми процентот на именуваните доплмати од редот на професионалците од МНР, а не како досега да се именуваат 2/3 да бидат истакните луѓе во општеството. Дипломатскиот мандат се зголемува од три на четири години, а Македонија ќе има специјален претставник за посебни потреби и во интерес на државата. Новото законско решение предвидува и измени во делот на надворешната трговија, надлежност која ја доби МНР по реорганизацијата на владата.

Измените се веќе спремни и се стигнати до Илинденска, а во регуларна процедура ќе влезат во Собрание за поширока дебата.