Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

„Никна“ новогодишната елка на плоштад „Македонија“, ама никој не кажува дали ќе има дочек

Градските власти конечно ги удостоија скопјани со новогодишна елка. На три недели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градските власти конечно ги удостоија скопјани со новогодишна елка. На три недели пред најлудата ноќ, ја монтираа врз подната фонтана, а претходно стигнаа и продажните куќички кои продаваат разни дрангулии. Плоштадот повеќе не е празен, но според граѓаните атмосферата е далеку од онаа што треба да доликува на новогодишна.

Дека главниот град заслужува повеќе и подобро сметаат и туристите кои ги затекнавме на плоштадот. Велат дека атмосферата е убава, но далеку од онаа во европските метрополи.

„Плоштадот ми се допаѓа многу. Го сакам градот, бев тука неколку пати, па уживам тука. Убаво е се подготвува за Божиќ. Елката е малку чудна, но е убаво. Ние во Норвешка имаме вистинска елка. Може треба да ви пратиме вистинска на вас“.

Реклама

Градоначалничката Арсовска и годинава не сака да биде транспарентна и да каже кои фирми ги добија тендерите за разубавување на метрополата. Ниту пак има информации дали ќе има и каква ќе биде прославата на новогодишната ноќ.

„Елката е поставена на Плоштадот, но од Град Скопје не кажуваат кој украсува и колку тоа ги чини скопјани“.

Сепак во метрополата не е се така мрачно. Но, не поради градската власт, туку поради општина Аеродром која им понуди вистинска забава и еуфорија на граѓаните. До 19 јануари наредната година на паркингот на спортскиот центар ,,Јане Сандански” е стациониран „Зимзоленд“, атракција која нуди забава за сите, од најмлади до највозрасни.

Голем дел и од останатите македонски градови се веќе украсени или привршуваат со украсување и низ нивните улици и центри владее вистинска празнична магија. Големи елки, безброј сијалички, мали божиќни маркети и бројни празнични декорации ги красат плоштадите на Струмица, Струга, Кочани и други општини.

Љубиша Владимиров