Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Прилози

МВР проверува сомнежи за фалсификувани записници во Судскиот совет

Претрес во Судскиот совет немало. МВР собира докази за фалсификувани записници со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претрес во Судскиот совет немало. МВР собира докази за фалсификувани записници со кои евентуално е сторено кривично дело. За ова влегле полицајците во Судскиот совет, а не да ги тресат канцелариите на ул. Македонија број 5. Според информации на Алфа се работи за документите со кои на колегиум бил продолжен мандатот на Весна Дамева како претседател, кој инаку требаше да и заврши на 5 декември. Полицијата има отворено предистрага и собира докази.

  • „Одземено е тоа што треба да се земе, предистрага е во моментов, нема што да се каже, кога ќе заврши сѐ ќе информираме, до кога ќе трае и тоа не се знае“, велат од МВР.

Истражителите од полицијата, добиле наредба за прибирање на податоци од јавен обвинител. И Судскиот совет го потврди истото.

  • Нагласуваме дека не е издадена наредба за претрес, ниту е извршен претрес во просториите на Судскиот совет. Советот соработува и ќе продолжи да соработува со сите надлежни органи и институции во државата водејќи се од начелата на независно, одговорно и транспарентно судство и се оградува од било какви влијанија и притисоци одвнатре и однадвор, а со цел заштита  на независноста и интегритетот на судството“ велат од Судскиот совет.

Сомнежите за фалсифукивање записници прв ги изнесе премиерот Христијан Мицкоски на 28 ноември кој рече и дека добива информации за проблеми во Судскиот совет. Тој спомена дека има групи кои фалсификуваат документи со различни датуми и печати, без потписи.

Реклама

Но клановите во Судски за кои говореше премиерот не се нешто ново што јавноста го нема слушнато. Лани кога колегите се решија да ја симнат Дамева од претседателската функција, медиумите пишуваа за поделбите во Советот.  

Членовите во судски на затворен колегиум и го продолжиле мандатот на Весна Дамева, а потоа таа самата си поднесе оставка.