Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Средба на претседателот Гаши со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Милер

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска имаше средба со новоименуваната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска имаше средба со новоименуваната претставничка на УНИЦЕФ во Македонија, Лесли Милер.

Претседателот ѝ посака срдечно добредојде на Милер и изрази благодарност за 30-годишното партнерство меѓу Македонија и УНИЦЕФ. Тој нагласи дека од развојот и напредокот на децата зависи иднината на целата држава.

Претставничката на УНИЦЕФ Милер се заблагодари за досегашната добра соработка со Собранието и го информираше претседателот дека во моментов во соработка со надлежните институции фокусирани се на неколку прашања, а тоа е измената на законската регулатива за образованието, законската рамка за правата на децата, како и поддршка во ревизија на Законот за семејство.

Реклама

Двајцата соговорници разговараа за препораките што Комитетот на Обединетите Нации за правата на децата ги издал за нашата држава, а кои можат да бидат добра основа за натамошно унапредување на законската регулатива и нејзината имплементација.

Претседателот Гаши информираше дека во Собранието се формирани две Комисии со кои се опфатени прашањата за децата и младите, тоа се Комисијата за образование и Комисијата за социјална политика, демографија и млади, а формиран е и Клубот за младински прашања и политики, како неформално тело во Собранието, чија цел е остварување на интересите на младите, во соработка со младинските организации и неформалните младински групи.

Тој предложи во Собранието да се одржи јавна расправа за препораките на Комитетот на Обединетите Нации, по што низ еден инклузивен процес, во соработка со сите општествени фактори да се започне со суштински и одржливи реформи.

Двајцата соговорници за наредниот период се согласија дека ќе ја интензивираат комуникацијата и заеднички ќе работат на градење на општествен консензус во интерес на правата и благосостојбата на децата.