Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Закон за јазици: Неуставно донесен со неуставна содржина која не може да се примени во пракса

Неуставно донесен со неуставна содржина која не може да се примени во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неуставно донесен со неуставна содржина која не може да се примени во пракса. Ова се забелешките во 13-те претставки, како и во мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазиците.

Според уставните експерти – спорно е речиси се: не бил донесен со двотретинско мнозинство, не бил разгледан од релевантните собраниски тела, не бил потпишан од тогашниот претседател на Македонија, а спорна е и содржинта која ги дискримира другите немнозински заедници. Дополнително терминот „албански јазик“ во заграда е неуставен.

  • „Во делот на содржината на законот ВК забележува нејасност и непрецизност што значи законската формулација каде експлицитно се споменува употребата на Албанскиот јазик, од една, и „употреба на јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“, од друга страна. Оваа констатирана важна непрецизност од страна на ВК е клучна за примената на законот, бидејќи со неа се влијае на остварувањето на фундаменталните права на сите јазични заедници во земјата. ВК смета дека треба да се преиспита и опсегот на примена на законот“ оценува Тања Каракамишева – универзитетски професор по уставно право.

Истите забелешки дојдоа и од Венецијанската комисија, тело со меѓународно признаени уставни експерти на Советот на Европа.

Реклама
  • „Законот за јазиците не ги исполнува барањата за законска јасност и прецизност. Законот не е прецизен кои негови одредби се однесуваат на употребата на албанскиот јазик, а кои одредби се однесуваат на употребата на другите јазици од етничките заедници“ се наведува во мислењето на Венецијанската комисија.

Законот има многу спорни и неприменливи одредби. Со него сите институции и сите документи на централно ниво станаа двојазични.

ЗАКОН ЗА ПРИМЕНА НА ЈАЗИЦИТЕ

Член 1 Став 3 

Во сите органи на државната власт, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните.

Законот, засега само на хартија, предвидува судските, управните, извршните постапки, предистражните и истражните постапки, кривичните и прекршочни постапки, парничните и вонпарничните постапки, постапките за извршување на санкции, како и другите постапки да може да се водат и на Македонски и на Албански. Дополнително, и нотарите и извршителите треба да ги нудат сите услуги и документи и на двата јазици.

ЗАКОН ЗА ПРИМЕНА НА ЈАЗИЦИТЕ

Член 2 Став 2 

Судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции се обврзани да овозможат користење, употреба и примена на било кој од службените јазици од членот 1 став (1) и (2) и нивните писма во тие и други постапки.

Со Законот се формираше и Агенција за примена на јазикот која има право да изрекува парични казни и глоби за негово непочитување.

ЗАКОН ЗА ПРИМЕНА НА ЈАЗИЦИТЕ

Член 22 Став 2 и 2 

Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра… ќе се изрече на органите… како и сите други институции за непочитување на одредбите од овој закон.

Глоба во износ од 30% од одмерената глоба ќе му се изрече на службеното лице и одговорното лице…

Според уставните експерти постоењето на Агенцијата е спорно и неуставно односно дискриминаторско зашто таа постои само за Албанскиот јазик, а не и за јазиците на другите заедници. Одредбите се дискриминаториски и зашто предвидува во матичните книги, личните документи и во пасошите да се користат македонски и албански, но не и јазиците на другите заедници.

Законот за јазици кој во скратена постапка и со прекршување на процедурите беше донесен како коалициски дил меѓу СДСМ и ДУИ, меѓу другото предвидува и книжните и кованите пари, поштенските марки да содржат симболи што го претставуваат културното наследство на Албанците.