Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Груби се повлекува: Пред Бога, семејството и пријателите бил чист како солза, но дали е така и пред законите?

Ако се докаже вина, Груби сам ќе се повлече – Се повлекувам,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако се докаже вина, Груби сам ќе се повлече – Се повлекувам, ама сум чист како солза. Интегративците се врзаа во чвор. Со овие две изјави Ахмети и Груби како да признаа дека наводите на америкнаците заради кои поранешниот прв вицепремиер осамна на црната листа се вистинити.

Иако одлуката нагласува дека таа не е за осуда, туку за поттикнување на подобрување на однесувањето, јас пред Бога, семејството и пријателите сум чист како солза, но со намера да придонесам за вистината, која многумина од вас гледам дека веќе ја знаете, а за да не бидам ничиј политички товар, решив да се повлечам од јавниот живот и за ова го информирав претседателот Ахмети уште од првиот ден, порача Груби.

И додека Груби рони чисти солзи, она што претходно го изјави лидерот на ДУИ фрла дополнителни сомнежи на целиот случај. Али Ахмети бранејќи го својот близок партиски соработник вчера рече дека Груби бил совесен и одговорен и дека ако се утврдело вина, тој сам ќе се повлечел. 

Реклама

Груби е совесен и одговорен, нема потреба партијата да го отстрани, тој сам ќе се повлече од сите партиски функции, вели Ахмети.

Сега останува нејасно кој бил во право – Ахмети кој најави повлекување ако се докаже вина, или Груби кој сепак се повлече, ама тврди дека бил невин. Не е јасно ни што значи ставот на ДУИ дека ќе ја почитува одлуката на Стејт Департментот, дали јавно ќе се оградат од Груби, или ќе бараат судска разврска на случајот.

Сомнежите на САД дека поранешниот прв вицепремиер влијаел врз судството го натераа и обвинителството да отвори предмет против Груби, но и против судијата Енвер Беџети кој му прави друштво на ажурираната црна листа.

На ова реагираше и Апелациониот суд. Оттаму порачаа дека граделе отпорност кон политички или други влијанија, и даваат поддршка на институциите во гонењето на корупција во сопствените редови..

Апелациониот суд Скопје ја поддржува секоја заложба на надлежните државни институции за откривање и борба против евентуални случаи на висока корупција во судството, заради зачувување на интегритетот на судиите и судството во целина, но со почитување на начелото на презумпција на невиност, порачаа од Апелацискиот суд.

Санкциите од Вашингтон за Артан Груби, по оние за Рамиз Мерко, може да се толкуваат како вториот жолт картон за интегративците кои само со зборови се залагаат за борба против корупцијата, додека повеќето нивни функционери тонат во сомнеж за тешки криминали.