Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

„Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком во копродукција со МНТ

Најпознатите седум култни драмски сцени на македонскиот драмски автор Горан Стефановски ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најпознатите седум култни драмски сцени на македонскиот драмски автор Горан Стефановски ќе бидат дел од претставата „Замисли нов свет“, на режисерката Нела Витошевиќ. Се работи за сцените од „Диво Месо“, „Тетовирани души“, „Лет во место“, „Кула вавилонска“. Претставата која е во копродукција со „Сектор филм“, отвора важни општествени прашања и низа приказни кои произлегуваат од нашата заедница. Драмите на Горан Стефановски до ден денес пленат со нивната актуелност и универзалност и отвараат простор за општествена дебата. Од овие причини тие се секогаш интригантни за реобмислување и поставување, вели Витошевиќ.

„Луѓето кои се бавиме со театарската уметност сме заразени со неговите драми уште пред да тргнеме на факултет, растени сме со тие текстови со тие реплики со тие монолози и морам да кажам дека мене ми претставува огромна чест што конечно добив прилика да работам нешто од мојот професор Горан Стефановски. Ние претходно се договаравме додека тој беше уште жив, да работиме еден негов текст. Тоа не се оствари и сега имам чувство дека тој круг се затвора“, рече Нела Витошевиќ режисерка на „Замисли нов свет“

Со претставата ќе се отворат прашања за нашата традиција, идентитетот, за миграцијата, за љубовта и загубата, за семејните конфликти, за разделбата од домот и блиските како и за примарната човечка потреба за поврзување

Реклама

Театарскиот проект е инициран од „Телеком“, во рамки на иницијативата „#НаправиМесто“, со која ќе се обработат предизвиците со кои се соочуваме како општество со цел на нивно надминување.

„Тоа се и практично темите на кои што твореше Горан Стефановски, неговите дела се длабоко врежани во нашата меморија, подеднакво силни и денес и не обединуваат да се прифатиме кои сме. да ги надминеме разликите и вистински да се поврземе“, рече Емилија Андоновска од „Телеком“.

Во претставата играат дел од познатите македонски актери Игор Ангелов, Верица Недеска, Дамјан Цветановски, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски. Музиката е  на композиторот Огнен Анастасовски. Претпремиерата и премиерата се закажани за 16 и 17 декември.

Љубиша Владимиров