Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Уставните судии го одложија одлучувањето за законот за јазици; Костадиновски: Нема да дозволам Уставниот суд да биде уценуван

Прво подготвителна седница со правни експерти, а потоа конечна одлука за оспорените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прво подготвителна седница со правни експерти, а потоа конечна одлука за оспорените членови за Законот за јазици, вака заклучија уставните судии. Клучните пораки ги испрати претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски. Рече дека работат под притисок и политичко насилик, заради што се приморани да ги уверуваат граѓаните – оти политичарите ја доведуваат во прашање нивната независност.

  • „Повеќе пати имам кажано дека нема да дозволам Уставниот суд да биде уценуван од никого и нема да дозволам да биде под притисоци и закани од било кого. Секој што мисли дека владеењето на правото, правната држава ќе ја попречат со политичко влијание и со манипулации, воопшто да не се трудат. Такво нешто нема да се случи. Уставниот суд има јасни надлежности, ги црпи од Уставот. Уставниот суд е чувар на Уставот и го чува во таква форма, таков како што е“, нагласи Костадиновски.

Седницата беше бојкотирана од судиите од албанската етничка заедница, Насер Ајдари и Осман Кадриу, кои не се појавија на работа. Фатмир Скендер пак ја напушти седницата оти не требало да одлучуваат без двајцата колеги.

  • „Моите ставови нема да можат да бидат слушнати од отсутните судии, затоа јас нема да присуствувам на расправата по првата точка“, рече Скендер.

Предлогот за подготвителна седница на која ќе се дебатира за спорните одредби дојде од судијата известител Елизабета Дуковска. Таа доби поддршка од четворица судии, додека против беше Добрила Кацарска, која инсистираше Законот за јазиците да се „реши“ веднаш.

Реклама
  • „Не гледам потреба да ја прашаме правната фела дали овој закон е уставен или не. Венецијанската комисија веќе има мислење за овие прашања ние треба да одговориме, бидејќи ние сме уставни судии“, рече судијката Кацарска.

Претседателот Костадиновски и колешките Дуковска,Васиќ-Бозаџиева, Дабовиќ-Анастасовска и Павловска-Данева одлучија дека треба да се консултираат со правници,  за да дадат издржани одговори за оспорените членови од законот за јазиците пред јавноста.

  • „Мислам дека е добро да слушнеме аргументи од сите, не дека тоа ќе го промени нашиот став во однос на тоа дали е во согласност на Уставот или не. Сметам дека предлогот на судијата известител е во ред, бидејќи граѓаните ќе бидат запознаени како и политичарите бидејќи ниту разбираат ниту знаат која е улогата на Уставниот суд. А тоа е да ја цени уставноста на законите“, рече Дабовиќ-Анастасовска.

Од улица и со шатори не се брани Уставот, децидни се мнозинството од уставните судии. Велат „треба да бидеме транспаретни пред граѓаните за нашите одлуки, а не пред политичарите. Ниту еден од нас не треба да потклекне на политички притисок“ им порачаа на колегите на Ајдари, Кадриу и Скендер кои не присуствуваа на денешната седница.