Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Tриесеттина автобуси на ЈСП не возат – немаат метан, а сметката е блокирана

Триесеттина автобуси на ЈСП пак не се во сообраќај. Причината е што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Триесеттина автобуси на ЈСП пак не се во сообраќај. Причината е што возат на метан, а заради блокираната сметка на претпријатието, не можат да му го платат веќе постоечкиот долг на добавувачот, за да можат пак да ги наполнат автобусите. Ова за „Алфа“ го потврди генералниот секретар на синдикалната организација „СПАЈС“, Меџит Идризи.

„Возилата кои што се на метан се повлечени во гаража, затоа што немале метан. Тие се скоро 30 возила што се на метан. Еве 24-те денес немаше возила. Што ќе правиме сега за 16-ка затоа што тие возила што возат на метан вртат вртат само 24-та, Кисела Вода, 16-та Пржино и другите останати за кај Инџиково, еве 60-ка денес немаше 60-ка“, вели Меџит Идризи, генералниот секретар на синдикалната организација „Спајс“. 

Идризи вели дека поради замрзнатата сметка на ЈСП, вработените се плашат деќа ќе останат и без декемвриските плати, но и оти трпат притисоци .

Реклама

„Револтирани се многу возачите и вработените во ЈСП, затоа што ако нема плата во петок, што ќе биде понатака. Сега пак треба да бидеме пред гаража со медиуми со тие работи. После 16 не знам што ќе биде. Има и разни притисоци врз вработените. Ако почнат да зборат има нафта, нема нафта и слично и одма дисциплинска постапка, без потпишување изјава, без ништо и така ги казнуваат многу вработените во ЈСП, особено возачите“, вели Меџити.

Засега молк од ЈСП. Директорот Драги Кушовски не одговара на прашањата на „Алфа“ зошто навремено не е обезбедено плин за автобусите и како планира да го реши хаосот со градскиот превоз. Претходно тој призна дека сметката на ЈСП е блокирана поради долг кон добавувач, по што интервенираше Владата со државните нафтени резерви.

И додека автобусите на ЈСП ги трошат последните капки нафта кои ги добија од државните резерви од Владата, сега останаа и без други 30- тина автобуси што возат на плин. И повторно истата слика, со часови се чека на автобуските постојки, кој за работа, кој за лекар, кој на факултет или училиште.

Љубиша Владимиров