Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Тошковски: Ковачевски не се откажал од македонското државјанство

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска информираше дека екс-директорот на ЕСМ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска информираше дека екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски не е достапен за домашните органи на прогон. Истакна дека полицијата ќе стори се во рамките на надлежности, со цел Ковачевски да биде изведен пред лицето на правдата.

-Вчера имаше многу шпекулации во однос на вашето прашање и каде се наоѓа или дали се откажал од македонското државјанство. Посоченото лице е во рамки на регистарот на државјани на Македонија и е македонски државјанин. Не побарало отпуст, согласно информациите кои што ги имам. Не би сакал да шпекулирам (околу неговата моментална локација, рече Тошковски во изјава за медиумите.

Првиот полицаец во државата упати благодарност до останатите полицајци од МВР за спроведената акција која придонесе до приведување на 23 лица поради сомнеж за сторен криминал од 6,5 милиони евра во ЕСМ, РЕК „Битола“, ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино.

Реклама

-Јас искрено не би застанал на првичната вредност, односно постојат сомненија дека она што е набавувано во вредност на злато, а не е употребено, тие 5% кога било употребено предизвикало дополнителна штета на блоковите. Доколку се докаже дека е сторена дополнителна штета, таа ќе треба некој да ја плати. Некој ќе треба да ја плати и предизвиканата штета во енергетскиот сектор, кажа Тошковски.

При извршени претреси во Битола, Неготино, Кичево, Велес и Скопје за време на акцијата обезбедени се голем број материјални докази, а кај три лица пронајдени и одземени се околу 130.000 евра.

Дел од осомничените во својство на службени лица во АД ЕСМ и АД „Пошта на Северна Македонија“ создале група која имала за цел вршење на кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари.