Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Уставен суд го одложи одлучувањето за законот за јазици – прво подготвителна седница

Од улица и со шатори не се брани Уставот – испратени првите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од улица и со шатори не се брани Уставот – испратени првите пораки од Уставен за протестот на ДУИ пред платото на судот. Судиите на почетокот на седницата не го поддржаа предлогот на Фатмир Скендер за одложување на седницата бидејќи неговите колеги Насер Ајдари и Осман Кадриу не дојдоа не седницата за одлучување за Законот за јазиците. Потоа Скендер ја напушти седницата а останатите шест судии ја продолжија дебатата,

Судијката Елизабета Дуковска, која е судија-известител посочи: „Сметам дека имаме должност да ги увериме граѓаните во нашата непристраснот во одлулувањето согласно Уставот. Факт е дека по овој предмет е оддржана подготвителна седница на која се разгледувала уставноста на членот, нема ништо да изгубиме ако ја викнеме стручната фела и да им поставиме прашања, ценам дека и ова е начин да ги разгледаме сите прашања кои произлегуваат. Побарав и дополнително мислење од Венецијанската комисија и да ги отстраниме сомнежите од било какво влијание“

На ова се надоврза судијката Добрила Кацарска.

Реклама

„Не гледам потреба правната фела треба да ја прашаме дали овој закон е уставен или не. Венецијанската комисија веќе има мислење за овие прашања ние треба да одговориме, бидејќи ние сме уставни судии“, рече судијката Кацарска.

Свое мислење даде судијката Ана Павловска-Данева.

„Ова е првпат да добие предлог за подготвителна седница, жалам што е така, никој не зборуваше за Законот за јазиците додека не го ставивме на гласање. Треба да има подготвителна седница да се слушнат мислењата на експертите во државата“, веи Павловска-Данева.

Став искажа и судијката Татјана Васиќ-Бозаџиева.

„Граѓаните мора да знаат дека уставните судии работат во нивен интерес и согласно уставот. Дебатата на оваа подготвителна седница е со цел да ги презентираат своите ставовите. Само преку отворен дијалог може да изградиме мост кој ќе не убединува.. Должност на Уставниот суд е да ги слушне сите мислења. Ниту еден судија не смее да потклекне на политички притисок ние тука доаѓаме да го чуваме Уставот. Употретребата на јазиците не треба да не поделува туку да биде мост кој не обединува. Да останеме посветени законитост, уставност и правда.. Уставноста не се брани со шатори, на улица… Улицата никогаш не била место за бранење на уставноста“, вели судијката Васиќ-Бозаџиева.

Свое мислење даде и судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска.

„Мисллам дека е добро да слушнеме аргументи од сите, не дека тоа ќе го промени нашиот став во однос на тоа дали е во согласност на Уставот или не. Сметам дека предлогот на судијата известител е во ред, бидејќи граѓаните ќе бидат запознаени како и политичарите бидејќи ниту разбираат ниту знаат која е услогата на Уставниот суд. А тоа е да ја цени уставноста на законите“, рече Дабовиќ-Анастасовска.

Татјана Васиќ-Бозаџиева упати апел до судиите Насер Ајдари, Осман Кадриу и Фатмир Скендер да се појават на седницата.

Претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски, рече дека ќе го прифати предлогот.

„Јас ќе го прифатам предлогот од три причини. Никогаш не сум гласал против подготвителна и јавна седница, само јас и Добрила присуствуваме на една подготвителна седница. За спорните уставни прашања за материјалниот дел не е оддржана подготвителна седница и во тој контекст добар е предлогот на судијата известител. И тетиот момент е дека подготвителна седница мислам дека ќе ни помогне да ги разобличеме сите оние оибиди за етнизација и политизација на одлуките на Уставниот суд. Ние треба да се обратиме до граѓаните не до политичарите – бидејќи нивната култура е јасна… И ќе го прифатам тој предлог“, рече Костадиновски

Според Кацарска, не е потребно одржување на никаква подготвителна седница бидејќи треба да се гласа по однос на уставноста на Законот за јазици бидејќи Венецијанската комисија образложила се во 98 точки и нотира дека Законот е неуставен: „Не знам што би покажале со таа подготвителната седница и со неа нема да се добие баш ништо со таа седница“.

На крај со пет гласа „За“ и еден „против“ од Добрила Кацарска беше прифатен предлогот за оддржување подготвителна седница пред да биде донесена конечната одлука за Законот за јазиците. Претседателот Дарко Костадиновски има закажано прес-конференција за во 12 часот.