Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Ништо не е случајно: Груби на црната листа е јасна порака до ДУИ и Ахмети да не се обидуваат да ја дестабилизираат државата

Ништо не е случајно, Артан Груби на црната е  јасна порака за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ништо не е случајно, Артан Груби на црната е  јасна порака за ДУИ, опозицискиот гнев да не се обидува да го троши со обиди за дестабилизација и предизвикување некакви инциденти во државата, само за сопствен спас.  Според познавачите не е случаен ниту тајмингот кога САД одлучи да ги објави новите имиња од Македонија за кои вели дека се вмешани во криминали, во моменти додека  Ахмети се заканува со немири, доколку Уставниот суд одлучи да го промени или укине законот за употреба на јазиците.

-Ништо не е случајно, ни тајмингот, ни причината, ни потегот. Црната листа на САД не ја креира некоја невладина организација од некое градче во Америка, туку ја креира систем на иституции. А ДУИ како ДУИ мислам дека со ова со Артан Груби претрпе страшен политички удар, кој што е само врвот на пирамидата која што допрва ќе се анализира надолу, па да видиме кој што јадел, кој што пиел и кој што треба да плати на крај, изјави Јонуз.

Според Агим Јонуз ова покажува  дека американската администрација  верува во искрените намери на власта во Македонија, да влезе во сериозна борба со криминалот и корупицјата. Политичкиот аналитичар смета дека САД му дава веќе и јавна поддршка на Христијан Мицкоски и неговите цели во оваа борба.

Реклама

-Мислам дека Американците дефинитивно почнуваат да му дуваат во крилата на Мицкоски, затоа што тој сериозно презема чекори, обиди да покаже дека сака да воведе ред ваков или таков, тоа е процес, тоа не може преку ноќ. Меѓутоа мислам дека пораката на Американците во овој момент е дека треба сепак да се остави Мицкоски да си ја работи работата, изјави Јонуз.

Дека целта на протестите на ДУИ пред Уставниот суд е подбуцување на меѓуетничките односи, за да го тргнат вниманието од себе и да се одбранат од сомнежите за криминали сторени од екс функционери минативе години,  предупредуваа познавачите на политичките случувања . Експертите порачуваат дека сега на ред се обвинителите и судиите да ја сработат својата работа и да има одговорност за криминалните функционери.

Матеја Петровски