Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Мицкоски: После црната листа на САД, ќе се потврдат уште многу сомнежи за криминал

Најновите имиња на црната листа на САД, на поранешниот прв вицепремиер и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најновите имиња на црната листа на САД, на поранешниот прв вицепремиер и актуелниот апелациски судија, само ги потврдуваат сомнежите за сторените сериозни криминали во претходната власт но и во судско-обвинителскиот систем.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека многупати предупредувале за ова – а сега истото го посочуваат стратешките парнери и меѓународната заедница. Тој очекува наскоро да се потврдат и други сомнежи за коруптивни зделки и криминално работење.

„На ажурираната листа на санкции на САД се најдоа двајца граѓани од кај нас. Ги имате таму причините зошто се тие дел од оваа листа на санкции. Можам да кажам дека во периодот што следува уште многу потврди на сето она што сме го имале како сомневање ќе излезе во јавноста и јавноста ќе биде запознаена“, рече тој.

Реклама

Според наследникот на Груби, одлуката на американскиот Стејт Департмент за ставање е потврда за исправноста на заложбите на коалицијата. Првиот вицепремиер Изет Меџити го повика членството на ДУИ да го напушти како што вели, бродот кој тоне.

Во текот на вчерашниот ден бевме сведоци на уште една потврда за исправноста на нашите заложби, одлуки и политички постапки. Се докажа дека нашите укажувања и барања за борба против корупцијата биле исправни и точни. Одлуката на американскиот Стејт Департмент за ставање на Артан Груби на т.н. црна листа забранувајќи му влез во САД е доказ дека се’ што сме зборувале било на место и сме биле во право, порача Меџити.

Страшно и поразително е политичари со високи функции да бидат на црната листа, уште позагрижувачки е на црната листа да се појави име на судија, кога тие треба да бидат чувари на независноста на правосудството. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува обвинителство да постапи.

Не смееме како досега да останеме мирни и да ги оставиме лицата кои се нашле на црната листа да си продолжат со своите редовни активности. Ако јавните обвинители треба да постапуваат по допрен глас, треба да постапуваат и во овој случај. Во меѓународното право постојат начини како да се дојде до тие докази и да се започне постапка овде.  Очекувам ЈО да почне да постапува – рече претседателката Сиљановска Давкова.

Груби и Беџети се најдоа на листата на санкционирани поради вмешаност во значителна корупција. На списокот се и членови на нивните потесни семејства.