Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Во живо на емисија, Бујар Османи и Арбер Адеми дознаа за ставањето на Артан Груби на американската црна листа

Додека ДУИ „чуваше стража“ пред Уставен, како бомба одекна веста дека Груби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека ДУИ „чуваше стража“ пред Уставен, како бомба одекна веста дека Груби е ставен на црната листа на САД. На социјалните мрежи се појави и видео кое наводно го покажува токму моментот кога аберот стигнува до Бујар Османи и Арбер Адеми.

На социјалната мрежа „Х“ беше објавен исечок од јавувањето во живо на портал на новинарот Фуркан Салиу, кој во шаторот пред Уставен правел интервју со Османи и Адеми. Во исечокот се гледа моментот кога Бујар Османи и Арбер Адеми, додека се во живо, преку нивните мобилни телефони ја добиваат веста за новата американска „црна листа“ на која се наоѓа сопартиецот Артан Груби.

Објавата предизвика големо внимание на социјалните мрежи, а во неа може да се погледне реакцијата на Османи и Адеми, кои веднаш станаа и го напуштија интервјуто.

Реклама

И откако како попарени Османи и Адеми се повлекоа, шаторот во кој ќе кампуваа за да го бранат јазикот за момент се испразни, а човек не остана ниту пред Уставниот суд.

Во текот на ноќта немаше кој да држи „стража на јазикот“. Уставниот суд на 11 декември во среда ќе ги разгледуваат оспорените одредби од Законот за употреба на јазиците.