Играше кошарка и фудбалче во канцеларија, „леташе орли“, ги правеше новинарите неспособни, кога бараа да ги дознаат деталите за договорот со Бектел и Енка каде тој беше главен (под наводници) подизведувач, си се назначи за прв Вицепремиер иако таква фунција не постои, а политичката кариера ја почна како водач на навивачката група „Шверцери“.
Артан груби добро се снаоѓаше во сите Влади, без разлика дали станува збор за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ ама се чини дека во последната Влада на СДСМ на чело со Ковачевски и Заев навистина „аздиса“. Па така вчера САД го ставија Артан Груби на црната листа.
Стејт департментот додаде 14 нови имиња на американската црна листа, меѓу кои и на поранешниот Вицепремиер, Артан Груби и судијата во Апелациски суд, Енвер Беџети. Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, Директор на управата за безбедност и контраразузнавање.

Стејт департментот презеде акција за ограничување на визите на поединци кои овозможиле, олесниле или на друг начин биле вмешани во значителна корупција и на членовите на нивните потесни семејства.
