Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Во импровизирана џамија од плинска боца се угушија едн одете и двајца возрасни

Страшна беше случката како од хорор филм – вака сведочат очевидците кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Страшна беше случката како од хорор филм – вака сведочат очевидците кои беа видно потресени по трагедијата во неготинското село Црвени Брегови, каде во мал импровизиран верски објект од плинска боца се угушија едно малолетно дете и двајца возрасни. Еден од починатите е Оџа од Ресен. Тројцата не биле во роднинска врска, единствоно што ги поврзувало било верата. Малкумината жители од овој крај во непосреден разговор расжааа дека подолг период малата куќичка која служела за верски обреди се греела на грејно тело со плин и секогаш мирисало на гас…На луѓето, кои кобната вечер дошле тука да се молат, пред да влезат во куќата, селаните ги предупредила дека е опасно и дека се ширри миризба на гас. Но и покрај тоа, тројцата верници останале да преноќат.

Познат идентитетот на починатите луѓе во Црвени Брегови. Меѓу починатите е и дете на возраст од 14 години. Жртвите се идентификувани, станува збор за 71-годишен од Битола и 66-годишен жител на Ресен.

Соседите на починатиот тинејџер, кој живеел само на 20 метри од верскиот објект, видно потресени од глетката преходната ноќ, раскажаа дека телото на оџата од Ресен го забаележале кај влезната врата. Претпоставуваат дека стигнал до тука во обид да побара помош. Но очигледно безуспешно. Додека другите двајца биле внатре и спиејќи починале…

Реклама

Надлежните по пријавата на случајот од страна на селаните, веднаш излегле на терен. Не се забележани траги на насилство врз телата,  соопшти Обвинителството.Се прави и обдукција, по што с еочекуваат дополнителни информации. .Има и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци потврди дека местото на несреќата е мала куќа која се користела како импровизиран верски објект.