Македонија го слави споменот на Свети Климент Охридски – Чудотворец. Денешниот празник собра стотици верници на едно место – во добро расположение дојдоа на литургија да го одбележат празникот на својот патрон. Здравјето, среќата и бериќетот се најгласни во молитвите. Верниците со длабок наклон се прекрстија, барајќи од Светецот и Бога благосостојба во животот.
Светец и просветител, прв македонски архиепископ и творец на охридската школа, Св. Климент Охридски има посебно место во срцата на верниците од земјава. Велат овој празник е свет за сиот македонски и православен народ, го одбележуваат со децении, а неговото негување не смее да застане.
Митрополит тетовски гостиварсски – Јосиф повика на единство и борба за подобра идина во нашата земја.Порача дека добрината и добрите дела водат кон вечноста.

“Сите ние треба да се трудиме да постануваме од ден на ден подобри луѓе, бидејќи само со добрина човек е вечен.Злото го оддалечува секој човек од вечноста, и од другите луѓе.А денес за жал сме сведоци дека не само злото во државата туку и на глобално се умножило во големи размери.Злото кое е околу нас води кон унишутвање, навредување создавање штета и вознемирување.Затоа треба да бегаме од злото и да правиме добро и добри дела..за ние и целата татковина стане подобро место за живеење” – вели Јосиф митрополит Тетовски-гостиварски.
Празникот го одбележа и државниот врв во универзитетската библиотека која го носи името на светецот, а на неговиот споменик пред објектот беше положено и свежо цвеќе.
