Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Прилози

Обвинителскиот совет останува во ист состав на чело со Душица Димитриевска

Душица Димитриевска не размислува за оставка од челната позиција во Обвинителскиот совет. …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Душица Димитриевска не размислува за оставка од челната позиција во Обвинителскиот совет.  Претседателката на Советот ова го изјави денеска, откако Весна Дамева си замина од претседателската функција во Судскиот совет. Таа вели дека членовите во советот, работеле според законите.

  • Ние како институција, нашите заложби се борбата против корупцијата и придонес во таа борба. Ние сме на линија со сите други институции кои се залагаат за борбата против корупцијата. Сметам дека ние како Совет не сме дозволиле во ниту еден момент да бидеме посочени во негативен контекст во ниту еден од извештаите, ниту од домашните експерти ниту од меѓународните. Така да нашата работа ја вршиле согласно законот, согласно нашите законски надлежности, непристрасно така и ќе продолжиме. Не не можам да коментирам изјави на политичари, не би сакала.. Оставка нема да поднесете? – Не, не размислувам“ одговори Димитриевска

Советот на јавните обвинители оцени и дека Љупчо Коцевски не вршел влијание на суспендираниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, иако тој тврдеше дека доставил службни белешки за да ги докаже притисоци од републичкиот обивнител. 

  • До Совет на ЈО, беше поднесено известување со прилог службени белешки од вишиот јавен обвинител и јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство. По дискусијата членовите донесоа заклучок дека не е извршено влијание врз работата на вишиот јавен обвинител и јавниот обвинител од ВЈО во Скопје и не е нарушена самостојноста во нивното работење“ рече Димитриевска. 

Претседателката Димитриевска и нејзиниот колега Башким Бесими ќе останат членови и во Управниот одбор на Акдемијата, иако Антикорупциска смета дека тоа е спротивно на законите и има судир на интереси. Антикорупционерите најавија дека ќе ја чекаат конститутивната седница на Управниот одбор за да видат кои дејствија ќе ги преземат ако спорните членови не си поднесат оставки. Според ДКСК, Димитриевска и Бесими од обвинителскиот и Ханиф Зендели и Антоанета Димовска од судскиот совет не смеат да извршуваат двојна функција.