Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Истражување на „ЦГК“- Само 10 фирми за 5 години добиле тендери за 1 милијарда евра

Корупција и непотизам во јавните набавки како последица на политички интереси. За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Корупција и непотизам во јавните набавки како последица на политички интереси. За пет години, десет исти фирми свртеле 1 милијарда евра државни пари, покажа анализата на Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето открива дека договорите за јавни набавки кои се склучени од 2019 до 2023 година, се со вкупна вредност од 5,8 милијарди евра, а само околу една третина од нив, односно 36% или 2,1 милијарда евра добиле други 50 фирми.

Во листата на најголеми добитници на тендери се градежни компании, веледрогерии, дистрибутери на нафтени деривати и слично. На дел од нив речиси целиот бизнис им почива на договори за јавни набавки.  

Меѓу првите 10 фирми се „Марковски компани Битола“, „Д-р Пановски“, „Пуцко Петрол“, „Енерџи Деливери Солушнс“, „Илинден Струга“.

Реклама

Прворангираната фирма „Марковски компани“ за пет години има склучено 77 договори за јавни набавки во вредност од 151 милион евра. Дури 66 тендери им се склучени со државното претпријатие „АД Електрани“, во вредност од 141 милион евра. Трета е „Пуцко Петрол“ со склучени 1776 договори во вредност од 137 милиони евра.

Фирмите кои добиле најголема вредност на тендерите се домашни фирми. Само 5% земале странски фирми. Убедливо најголем удел имаат фирми од Скопје, а по нив се тие од Битола. Според дејноста, дури 39% од вредноста на договорите отпаѓа на градежништовото, каде припаѓаат и договорите на „АД Електрани“ за користење на механизација и работници за ископ на јаглен. На второ место се тендерите за набавка на лекови и медицинска опрема во вредност од 559 милиони евра и удел од 27%. На трето место се нафтените деривати со вредност од 297 милиони евра и удел од 14%. Сите други фирми, согласно дејноста, имаат удел под 10%.

Нелогичноста според Центарот кој истражувал , е во фактот што вредноста на добиените тендери е многу поголема од вреднувањето на вкупните приходи за конкретниот период. Ова би значело дека не се наплатени побарувањата за нив или пак, не доспеале. 

Љубиша Владимиров