Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

ЕКСПЕРТИ: Допрва ќе почне да се одмотува клопчето во судски- обвинителскиот систем

Надзорот врз предметите за корупција и контролата во Организиран криминал кој го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надзорот врз предметите за корупција и контролата во Организиран криминал кој го нареди државниот обвинител Љупчо Коцевски е само доказ дека Обвинителството не работело ништо. Тоа е најинертната институција во државата. Вака поранешниот антикорупционер, Восилав Зафировски ги оценува последните соопштенија на првиот човек на Обвинителството.

Коцевски со две соопштенија им нареди на обвинителите да стават приоритет на истрагите за корупција, да ги запазеле роковите, патем тоа им е законска обврска, и им направи вондреден надзор во Организиран криминал. Сето ова, е ѝ работа на Обвинителството, забележува Зафировски. Тој вели дека не е ни чудно што народот нема доверба во судскиот систем. Јавниот обвинител не е избран зошто е убав, негова основна задача е да гони, потенцира поранешниот антикорупционер.

Големи корупциски скандали во кои главните актери се функционери на ДУИ и СДСМ или нивни блиски луѓе, а Обвинителите се уште спијат. Не постои ниту една постапка против поранешни функционери, јавно инволнирани во коруптивни случаи, а никој не покрененал, ниту едно обвинение против нив.
Последно, државниот обвинител наместо да се занимава со гонење на криминал, тој води војна со неговите колеги-неистомисленици кај кои не пројдоа заканите и притисоците врз нив. Таков е случај е вишиот обвинител Јове Цветановски кој одлучи Организиран криминал да ја продолжи истрагата за бонусите на СЈО, но истовремено заработи или пак, го казнија со дисциплинска. Се уште е нејасно што претставува дисциплинската бидејќи пред Цветановски да ја донесе одлуката за бонусите, тој јавно обвини, дека се соочува со притисоци и закани.
Преку шефот на вишото обвинителство, Коцевски го предупредувал Цветановски да внимава со одлуката – Дали некој треба кривично да одговара за делењето на 4,6 милиони евра на специјалните обвинители, коишто ги плати народот.
Имено, Македонија измимативе годиини тоне во корупција и криминал според сите извештаи на Европската комисија. Смената на владејачката гарнитура овојпат не донесе и нов државен обвинител по теркот на изминатите влади. Познавачите говорат дека Коцевски не ја искористил шансата да покаже вистинска борба со корупција.