Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Руски пранкери: „Заев е најглупавиот политичар од сите што ги насамаривме“

„Ало… Алооо. Тука Грета. Здраво Грета. Зоран Заев тука. Задоволство ми е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ало… Алооо. Тука Грета. Здраво Грета. Зоран Заев тука. Задоволство ми е што зборувам со тебе. Фала ти“.

Зоран Заев се најде на врвот на листата наивни политичари насамарени од познатите руски пранкери Вован и Лексус. На гостување во подкастот кај познатиот блогер, Аретми Лебедев, двајцата Руси го нарекоа поранешниот премиер, херој на нивните шеги и го прогласија за најглупав од сите политичари.

Открија дека цела година не го објавиле телефонскиот разговор со него и дека Заев им поверувал мислејќи дека разговара со поранешниот украински претседател Петро Порошенко , како и со шефот на НАТО, Јен Столтенберг.   Со нив зборуваше за влијанието на Русија во Македонија, за референдумот, за автокефалноста на Македонската православна црква, при што лажниот Порошенко го убедува премиерот дека автокефалноста може да се добие со поткуп од 100.000 евра за вселенскиот патријарх Вартоломеј, а разговараат и за Косово и за Србија. Поранешниот македонски премиер испраќал и  фотографии од средби со други политичари, мислејќи дека навистина комуницира со Порошенко.

Реклама

Дека телефонските разговори не се автентични разузнавачките служби тогаш дознаа откако беа објавени јавно. Биле преземени безбедносни мерки и бил променет тетелфонскиот број на екс премиерот. Но и покрај тоа шегите на негова смета продолжиле. Пранкерите го откриле новиот број и успеале повторно да го измамат. Пред четири години беше објавен разговор од 8 минути кој го водел екс премиерот со лажната еко активистка Грета Тумберг и нејзиниот татко.

Во разговорот со Заев им зборува за затворање на аеродромите, за легализирање на марихуаната, посета на активистката на Македонија, како и за мигрантите.

„Да бидеш познат не е лесно, но сепак,  отворено општество и господинот Сорос не поддржуваат, за проектите кои што ги работиме и помошта е од големо значење“….

Од Кабинетот на Заев тогаш се правдаа дека тој бил жртва на хибриден напад и дека бил многу пософистициран од претходните  и иако поранешниот премиер се посомневал во автентичноста на соговорниците, сепак решил да го заврши разговорот..

Мета на руските пранкери беа и Борис Џонсон, Жан Клод Јункер, неколку американски гувернери и конгресмени, како и францускиот претседател Емануел Макрон.