Реклама

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Македонија

ВЛЕН: ДУИ треба да си поднесе интерпелација самата на себе

Коалицијата ВЛЕН ја отфрла интерпелацијата на Блерим Беџети, Муса Џафери, Садула Дураку,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Коалицијата ВЛЕН ја отфрла интерпелацијата на Блерим Беџети, Муса Џафери, Садула Дураку, Артан Груби и пратениците на ДУИ и Европскиот фронт како неодговорен однос кон граѓаните и нивната иднина.

Ова е класичен предвидлив чекор на ДУИ кој следува после оркестрираното и организирано нарушување на мирното славање на 28 ноември од страна групи блиски до ДУИ и Артан Груби.

Креираа проблеми и сега вината ја префрлуваат на друг. ДУИ ги организираше проблемите и инцидентите.

Реклама

Креираат проблем, ги изложуваат граѓаните на ризик, ги оставаат на немилост, бегаат од нив и на крај се обидуваат да користат политички поени.

Блерим Беџети, мирниот и послушен министер на Груевски кој беше Министер за правда кога се случи случајот Монструм и ништо не превземе да се расчисти, туку ги остави луѓето да страдаат. Министерот кој доделуваше тендери на своите кабинетски вработени и заедно со Сашо Мијалков беше главен кадровик во правосудството, беше фатен со оружје и наркотични средства во дискотека, бизнис партнерот на Данела Арсовска, најмалку има право да поднесува интерпелација против вицепремиерот Изет Меџити и против заменик министерот Астрит Исени.

Интерпелацијата треба да ја поднесе во ДУИ против лицата блиски до Артан Груби кои ги организираа инцидентите и ја нарушија свечената и убава прослава на денот на албанското знаме.

Не можете да се нарекувате Европски фронт, а да се обидувате да ја дестабилизирате државата и со тоа да ја одалечувате од европската перспектива, само затоа што се плашите од последиците на својот криминал. Оваа интерпелација е политички маневар без основа.

ВЛЕН ќе продолжи со реформите и градењето на институционална стабилност, за разлика од оние кои го злоупотребуваат својот мандат за лични интереси. Граѓаните заслужуваат одговорна политика, а не враќање кон минатиот хаос. Попатно, ништо нема да ги спаси овие луѓе од последиците на својот криминал и штетата што им ја направија на Албанците во Македонија.