Реклама

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Македонија

Средба на Африм Гаши со Андреас Норлеан

Со највисоки државни почести и гарда, денеска во Стокхолм беа пречекани претседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со највисоки државни почести и гарда, денеска во Стокхолм беа пречекани претседателот на Собранието Африм Гаши и парламентарна делегација во состав Дафина Стојаноска, Беким Сали и Митко Трајчулески, од претседателот на Парламентот на Кралството Шведска Андреас Норлеан, на чија покана се остварува официјалната посета на 2 и 3 декември, известуваат од Собранието.

Претседателот Гаши и пратениците кратко биле запознаени со историјатот и работата на Риксдагот, а потоа оствариле средба со првиот човек на шведскиот Парламент Норлеан и со членовите на Комисиите за надворешна политика и европски прашања.

– Претседателот Гаши изрази благодарност до својот домаќин, како висок претставник на пријателска земја која дава континуирана поддршка за демократскиот и економскиот развој на Македонија преку бројни развојни проекти, нагласувајќи ја особено поддршката за стратешката цел на државата – полноправното членство во Европската Унија, известуваат од Собранието.

Реклама

Гаши го поздравил формирањето на група за соработка со Република Македонија во Шведскиот парламент, како продолжение на соработката за демократски развој меѓу двата законодавни дома, која се одвиваше од 2020 до 2024 година и беше заеднички оценета како многу успешна. Тој изразил уверување дека двете групи за соработка ќе бидат добра основа за заеднички проактивно да се поттикнува парламентарната размена и да се изнаоѓаат нови форми на соработка на сите нивоа.

– Спикерот Норлен истакна дека одличните билатерални односи сега се дополнително зајакнати преку сојузништвото во НАТО и притоа изрази благодарност за брзото ратификување во Собранието на договорот за пристап на Шведска во Алијансата, соопштуваат од Парламентот.

Членовите на двете делегации размениле мислења и ставови за предизвиците на Република Македонија во однос на членството во Европската Унија, како и за поширокото влијание што руската агресија врз Украина го има на европскиот континент.

– Соговорниците се согласија дека постои простор двете држави ги унапредат трговската размена и инвестициите, дека иселениците со потекло од Република Македонија играат важна улога во унапредувањето на билатералните односи, како и дека ваквите посети се многу корисни за изворно запознавање на пригодите во двете земји, стои во соопштението од Собранието.