Реклама
Прилози

Падот на Дамева од челната позиција во Судскиот совет е само првиот чекор за потемелни реформи

Политички фолклор е оставката на Весна Дамева. Заминувањето од претседателската функција во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политички фолклор е оставката на Весна Дамева. Заминувањето од претседателската функција во Судскиот совет три дена пред да и истече мандатот е обичен маневар. Државниот секретар во Правда, Дајанчо Ефтимов вели дека доколку Дамева не поднела оставка, ќе била соочена со кривична одговорност поради прекршување на законските прописи. 

  • Потегот кој што го направи можам да кажам дека е во насока истите да бидат пример дека сите оние кои што се инволвирани и во највисоките судски инстанци ќе сносат одговорност доколку не постапуваат согласно позитивните законски прописи, односно доколку истата постапувањеше со темпото од заклучок донесен на колегиум ќе ги прекршеше законските прописи конкретно на КЗ на членот 353 и за што ќе имаше индивидуална одговорност.И највисоките инстанци треба да очекуваат дека ќе има и индивидуална одговорност за сите чекори кои ќе ги преземат“ рече Дајанчо Ефтимов – државен секретар во Министерството за правда.

Тој додава дека никој нема да остане имун на реформите кои ќе се преземат во насока на враќање на правдата во Македонија. Нејзините поплаки за притисоци го прогласи за чист политички говор, наместо да образложи стручно зошто си заминува.

  • Во однос на изјавите кои повеќе ги имаше политички отколку стручни како претседател на СС, повеќе се држеше да политички. Не станува збор за никаков притисок туку за барање на правда и отчетност туку воспоставување на правда и правичност во Македонија“ рече државниот секретар во Министерството за правда – Дајанчо Ефтимов.

Оставката на Весна Дамева нека биде почеток на фабричко подесување во правосудниот систем. Нејзиното заминување од претседателската функција во судскиот совет повторно не потсетува на нејзиното спорно назначување во 2019 од стручен соработник да оценува дури и врховни судии, коментира поранешниот обвинител Војо Димоски.  

Реклама
  • За мене прашањето е како дојде ситуацијата до таа состојба Дамева да биде избрана на член на СС. Бидејќи ние знаевме реагиравме своевремено, бидејќи не се водело сметка за околноста дека таа како стручен соработник ќе оценува дури и врховни судии. Оставката за мене е сосема природна состојба да речам, и ќе си дозволам да кажам, на фабрички подесувања на правосудниот систем“ коментира Димоски.

Димоски го отвара и прашањето дали треба да се расмислува за една широка дебата и целосно укинување на двата совети – судкиот и обвинителскиот. Вели нивна е одговорноста за тоа што денеска имаме осуден врховен судија и член на Советот на ЈО за корупција.

  • Очекувано да сме во оваа состојба. Во овој ќорсокак. Да не заборавиме дека, во СС, имаме правосилно осуден член на Судскиот совет за корупција, член на обвинителскиот совет, исто. Јас не ги делам нив и мислам дека не треба да се делат бидејќи не треба да имаат поразлична судбина. Прашање е дали воопшто треба да постојат тие тела и  прашање е дали треба воошто да постојат во оваа форма“ вели Димоски – адвокат и поранешен обвинител. 

Колективната оставка останува како едно од можните решенија бараше, но да се случи тоа треба самите членови објективно да согледаат какви спорни одлуки се носат, коментираат дел од упатените.