Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Меѓуетничките односи „жртва“на судско политичките инсталации кои спасот го гледаат во дестабилизација

Ударот по судско-политичките инсталации во судството, и почетокот на долго очекуваните судските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ударот по судско-политичките инсталации во судството, и почетокот на долго очекуваните судските реформи паралелно донесе и зголемување на меѓуетнички тензии во државата. Реформата во правосудството очигледно и пречи на партијата на Али Ахмети бидејќи за оставката на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, од сите партии, прва реагираше ДУИ.

Сквернање на македонското знаме, училишни приредби со славење на УЧК, имоти на функционери од ДУИ гореа во Куманово, сето ова симптоматично се случува во период кога почна најголемата реформа со која најверојатно ќе има проветрување во судството.

Потресот во судскиот систем веројатно предзивика паника кај многумина поранешни функционери на ДУИ и СДСМ дека ќе одговраат за криминалот и корупцијата направен за време нивното владење. Дел од политичките аналитичари велат дека криминалот, но и гладот не препознаваат етникуми. Редно е да се занимаваме со народот, а не со државата за безвредни работи, коментира аналитичачот Агим Јонуз.

Реклама

Инаку, интересно е што тие што најмногу ги подгреваат меѓуетничките тензии, се интегртивците на Ахамети, партија која важи за една од најкорумпираниоте во Македонија. Откако не го постигнаа ефектот со провокациите на прослава за Денот на албанското знаме и обвинија дека полицијата провоцирала, продолжија со споредба на УЧК борците и комитите кои се славеа на училишни приредби, со што предизвикаа гнев кај Македонците.

И на инцидентите со пожарите во Куманово им дадоа меѓуетничка димензија. За опожарените возила и фотокопирницата во градот, високи функционери на ДУИ прстот го вперија во криминални банди, но партијата на Ахмети обвини дека Албанците во Македонија се во немилост. Последно, најнебулозното обвинување на ДУИ е дека Владата спроведува руска агенда во Македонија.

Присуството на личности како заменик-претседателот на владата Стоилковиќ и неговата координација со дестабилизирачката агенда на политичари како Вулин, познат по своите блиски врски со Кремљ и обидите за поткопување на регионалната стабилност, е јасен доказ за директното влијание на Русија во овие процеси, соопштува ДУИ.

Премиерот Христијан Мицкоски уште од летоска предупредуваше дека корумпирани политички елити од минатото ќе се обидат преку свои центри да создаваат етнички конфликти и тензии. Власта ги очекуваше провокациите и обидите на ДУИ за дестабилизација на државата, за да можат интегративците на Ахмети да си го заштитат милионскиот капитал создаден со криминал и корупција.