Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Велковски: Поддршката за згрижувачките семејства – клучна алка во борбата против насилството

На настанот организиран од СОС Детско Село, ја истакнавме виталната улога на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На настанот организиран од СОС Детско Село, ја истакнавме виталната улога на згрижувачките семејства во создавањето безбедна и инклузивна средина за децата, особено за оние со попреченост и жртвите на насилство, објави Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади, на својот фејсбук профил.

„Згрижувачките семејства се столбот на процесот на деинституционализација, но нивниот број и подготвеност треба да се зголемат. Неопходни се повеќе специјализирани семејства, обучени да одговорат на специфичните потреби на децата.

Локалните самоуправи, со поддршка од заедницата, веќе покажуваат интерес за отворање социјални сервиси, чекор кој мора заеднички да го поттикнеме.
Во рамките на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, ги повикуваме сите засегнати страни да се вклучат во градењето систем кој ќе обезбеди:
– Поддршка и рехабилитација за жртвите.
– Подготовка и едукација за згрижувачките семејства.
– Превенција преку ангажман на сите нивоа“, нотира Велковски.

Реклама

Секое дете заслужува дом исполнет со љубов и поддршка. Згрижувачките семејства се нашиот најголем сојузник во оваа мисија. Да ги поддржиме оние кои го носат товарот на промени – заедно можеме повеќе!, потенцира Векловски во објавата.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=122192821352196798&id=61555903967055&ref=embed_post