Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Црни прогнози – Преспанското езеро ќе исчезне до крајот на векот

Преспанското езеро забрзано исчезнува,дека го снемува второто по големина природно езеро во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преспанското езеро забрзано исчезнува,дека го снемува второто по големина природно езеро во Македонија говорат овие апокалиптични видео снимките направени од Галичица на кои јасно се гледа повлекувањето на езерото од крајбрежните делови.Поразителни се и предвидувањата на науката дека Преспанско целосно ќе пресуши до крајот на 21 век. „Катастрофалната загуба на вода на древното Преспанско Езеро: Хроника на претскажана смрт“ е насловот на научниот труд кој е објавен во престижното научно списание “Хидрологија” ,а еден од авторите е професор д-р Дејан Трајковски од Факултетот за технички науки во Битола. 

-Споредено со претходните 12 месеци,нивото на Преспанско е намалено за 41 см,односно за цели 100 милиони кубни метри,што е двојно повеќе од годишниот просек кога  се губеле по 50 до 54 милиони кубни метри вода,вели професор Трајковски. Искористувањето на езерската и подземните води за наводнување, е еден од главните фактори за намалување на водостојот. Последниве години во Преспа се копаат бунари за црпење на подземни води и тоа мора да престане.

 Ние ги читаме податоците за наводнувањето од разни извори од македонски,албански, грчки извори.Сите официјални извори оперираат со бројка од 14 до 24 милиони кубни метри вода за наводнување,меѓутоа оваа загуба од 54 милиони е значително поголема од таа официјална бројка.Особено од грчка страна не занаеме дали навистина се работи само за 24 милиони кубни вода за наводнување.Тоа би требало да се воспостави строг мониторинг, да се види дали има некоја пумпна станица која ние не ја знаеме и која изцрпува многу повеќе-велипроф.Дејан Трајковски-Технички факултет Битола

Реклама

Доколку се намали количеството на врнежи и се зголеми испарувањето, езерото може да исчезне за 60 до 75 години.И сегашната состојба е многу загрижувачка затоа што од 1963 година, езерото изгубило 60 % од својот волумен.

Направени се проекции дека врнежите ќе се намалат за 20 до 30% до крајот на 21 век.И тоа би имало катастрофални последици за езерото, тогаш никакви мерки не би помогнале, ни сопирање на истекувањето, ни престанок на наводнувањето”-вели Трајковски

Под дното на Преспанско  утврдивме дека има многу подземни и подводни понори и доколку се превземе интервенција во заливот во Албанија во близината на долна Горица и Пустец, доколку само половината од тие подводни понори се затворат, би можеле да го спасиме езерото но под услов да нема понатамошно намалување на врнежите и зголемување на испарувањето,како резултат на глобалното затоплување.Во спротивно со никава интервеција не би можеле да го соприме пресушувањето,но мора да се направат обиди Преспанско да не ја доживее судбината на дестици езера во светот  кои се во фаза на исчезнување,дециден е професор Трајковски.

Новинар Росица Голабоска