Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

На ДУИ им пречи што не е како претходно: Бараат смена на Тошковски бидејќи има уапсени за сквернавање на македонското знаме

На ДУИ им пречи што конечно има одговорност. Бараат смена на Панче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На ДУИ им пречи што конечно има одговорност. Бараат смена на Панче Тошковски, бидејќи полицијата експресно реагираше со оние кои го сквернавеа и палеа државното знаме на Македонија. 17-те приведени, од кои тројца притворени се причина партијата на Али Ахмети да поднесе интерпелација и да бара оставка од министерот за внатрешни работи.

-Како последица на овие настани ДУИ бара итна и неотповиклива оставка на министерот за внатрешни работи и на заменик министерот за внатрешни работи како главно одговорни за настанот на оваа ситуација, изјави Бајрам Реџепи, потпретседател на ДУИ.

Барањето за оставка на Тошковски и неговиот заменик, доаѓа откако МВР само ден по инцидентите, приведе 17 луѓе за сквернавење на македонското знаме, но и тројца прилепчани за сквернавење на албанското.

Реклама

-Времето на зимски сон на институциите заврши, 17 луѓе уапсивме за овие два дена и ќе продолжиме, нема да застанеме овде. За секој еден за кој што има докази да сквернави симбол државен, без разлика дали е симбол на Македонија или е симбол на Србија, или е симбол на Албанија, или е симбол на Грција, без разлика секој еден кој што ќе се огреши ќе одговара, изјави Тошковски.

Очигледно ДУИ го бараат времето кога одговорност немаше за многу прекршувања на законот. Па така во минатото бевме сведоци дека полицајка нападната од Бекир Асани, функционер на интегративцитем, за подоцна да не била нападната. По овој инцидент таа беше во канцеларијата на Спасовски, па потоа излезе дека не ја нападнал фунцкионерот на Асани, туку возилото пајак.

Ова е само еден од многуте случаи за кои во минативе седум години постои сомнеж дека МВР сакало да ги сокрие, без да има одговорност за виновните.

Македонската јавност беше сведок и на заштита на синот на поранешниот заменик министер за внатрешни, Назим Буши, кој противзаконски возеше со полициски флешери.

-Мислам дека најдобро е да ги слушнете и да ги сочекаме сите аргументи и факти кои што се однесуваат на целиот овој процес и тоа што се аргументи и факти да ги пласираме во јавноста, изјави Спасовски во минатото.

При големите граѓански протести против францускиот предлог, главните функционери во МВР, застанаа во заштита и на оние кои со камења фрлаа по граѓаните кои протестираа, а имаше употреба и на огнено оружје, од брат на поранешен функционер, кој сега е дел од коалицијата на ДУИ.

-(Снимивме кога се фрлаа камења немаше доволно) Значи полициски службеници имаше доволно. (Може да ви покажам видео колку имаше полициски службеници?) Ние веќе го објавивме тоа видео. (Еве уште едно видео ако сакате ќе ви покажеме), изјави Спасовски

-(Еве колку полицајци имаше на видеово во овој момент?) Тоа видео, тоа видео. (Оди во живо додека се тепаат) Тоа видео од одреден ваш агол, кај што не се гледаат сите полицајци, таму има во цивил полицајци. (Како реагираа тие?) Еве гледате. (Па не гледаме) Па за тоа зборам, изјави Тасевски.

Уште еден од случаите со напад на службено лице, кои во минатото останаа без разрешница е и оној со бодигардот на поранешниот заменик министер во полицијата, Назим Буши. Тој нападнал полацаец бидејќи не му било дозволено да го види својот брат, кој од затвор бил донесен на Ургентен.

Матеја Петровски