Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Намален бројот на вработени во текстилниот сектор поради кризата во Германија, спасот се гледа во унгарскиот кредит

Со намален обем на работа и во најава затварање на погони, вака…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со намален обем на работа и во најава затварање на погони, вака  кризата во Германија, се рефлектира на македонскиот текстил. Преполовениот број на налози од германскиот партнер, за 14% го намали и бројот на работници во оваа гранка, што е и најголем пад во изминатите 15години, алармираат од Организацијата на работодавачи. Нивните предвидувања и за наредната година  не се оптимистички доколку состојбата во Германија, не се стабилизира.

„Вкупниот број на работници го достигна минимумот за последните петнаесет години, значи помалку од 30.000работници. И мислам дека додека состојбата во Германија не се поправи, додека оптимизмот кај тие граѓани не се поправи, да не мислат на скривници, на заштита од нуклеарен напад, мислам дека состојбата наредната година би се влошила уште повеќе„ изјави Ангел Димитров, од Организацијата на работодавачи.

Позитивен сигнал за македонското домашно производство се парите од унгарскиот заем кои ќе бидат стимул за понатамошни инвестиции и развој. Сепак според Димитров, ваквите кредити ќе бидат во корист само на оние конфекции кои произведуват работна, но не и модна облека, бидејќи нивниот пласман е многу мал, а драстично е опаднат и обемот на работа. .  

Реклама

„Ако се земе во предвид каматната стапка тоа се поволни кредити.  Дел од текстилната индустрија која произведува репро матрејали или работна облека, ќе искористи дел од тие кредити. Се разбира имаме гранки кои се во подобра состојба и се надевам дека ќе ги искористат овие можности. Сакам да кажам дека како идеја е одлична„ изјави Ангел Димитров, од Организацијата на работодавачи.

Според најавите фирмите, ќе добиваат кредити од унгарскиот заем со камата од 1,95%. Ќе имаат до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на самите компании.

Александра Ристевска