Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Почна судењето на 36 годишната кратовчанка, која во семејната куќа со нож ги уби мажот и свекорот

Во Основниот суд во Куманово, започна судењето на 36годишната кратовчанка, Вангелица Илијевска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Основниот суд во Куманово, започна судењето на 36годишната кратовчанка, Вангелица Илијевска која  во семејната куќа  во јуни годинава со нож ги уби мажот и сопругот. Обвинителството бара да се осуди по член 123 од Кривичниот законик, додека нејзината одбрана тврди дека постапувала во нужна одбрана. И на прашањето на судијата, обвинетата се изјасни дека делото го сторила за да се заштити себе си.

„Нашето вештачење во поглед на психо-физичката состојба на обвинетата во моментот на делување, покажува целосно постапување  во услови на нужна одбрана, која е потврдена со сите, односно преку 75  писмени докази за жртва на семејно насилство. Она што беше интересно е дека дури еден од сведоците, свесно кажа дека обвинетата потврдила дека се борела со двајца силни, крупни и високи мажи, мислејќи на починатите„ изјави адвокатот, Христијан Георгиевски

На денешното рочиште сведочеше свекрвата, односно мајката и сопругата на починатите Јован и Стојан Илијевски. Таа рече дека лично не сведочела на убиството и негираше дека син и вршел семејно насилство, сепак рече дека ќе бара обештетување од обвинетата..

Реклама

Наредното рочиште е закажано за 18 декември. Ќе се разгледуваат доказите и ќе се сослушат вештите лица од психијатрија и ДНК анализа на предлог на обвинетелството. Обвинителството остана на обвинителниот акт  и за продолжување на куќниот притвор на Вангелица Илијевска. Семејната драма се случи на 13 јуни. По претходна вербална расправија, сопругот  физички ја нападнал. Ја удирал со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко.

Александра Ристевска