Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Струјата најверојатно нема да поскапи – ЕСМ понуди минимално повисока цена

АД ЕСМ денеска достави понуда од 62 евра за мегаватчас на тендерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

АД ЕСМ денеска достави понуда од 62 евра за мегаватчас на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за количините и цената по која ќе му ја продава електричната енергија од следната година. Тоа е за само 3,33% повисока цена од сегашните 60 евра за мегаватчас. Од ЕВН Хоум потврдуваат дека ова е најповолна понуда добиена на тендерот и дека државните електрани ќе покријат 100% од потребите.

„Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри. Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција“ – ЕВН Хоум.

 ЕСМ сега покрива 100% од потребите на ЕВН Хоум. Токму од оваа цена најмногу зависи и крајната цена која ќе ја плаќаат граѓаните од 1 јануари идната година. Одлуката за цената завчера беше донесена на затворена седница на Владата. Премиерот Христијан Мицкоски  претходно во неколку наврати најави дека новата цена по која ЕСМ ќе ја понуди струјата ќе варира од 58 до 62 евра за мегават час.

Реклама

ЕСМ ќе ги покрива и загубите на Електродистрибуција по просечна цена од 106 евра за мегаватчас. Претходно оваа цена изнесуваше 105,00 евра за мегаватчас. Тоа значи дека покривањето на загубите во системот ќе чини слично како и досега. Оваа цена, заедно со барањата на операторите МЕПСО и МЕМО влегува во одлуката за цената на преносот и дистрибуцијата која треба да ја донесе Регулаторната комисија за енергетика.

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски вели дека не сака да шпекулира колкава ќе биде цената.

 „Ние прво треба да ги определиме овие цени, а потоа, откога ќе ги определиме овие цени, универзалниот снабдувач врз основа на трошокот, што го има за набавка на електрична енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи, ќе направи пресметка и ќе достави на контрола во Регулаторната комисија за енергетика. Тоа очекувам да биде некаде во првата половина на декември и целиот овој процес да го завршиме. Во однос на тој дел ние што го регулираме, Регулаторната комисија за енергетика во следните неколку денови ќе ја информира јавноста за своите одлуки – изјави Бислимоски.

Новата цена на струјата која ќе важи по Нова Година треба да се донесе до крајот на декември. На први јули годинава струјата поскапе во просек за за 0,4% за најголем дел од домаќинствата.