Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Синоќа свечено беше одбележана 30-годишнината од билатералните односи меѓу Македонија и Јапонија

Македонија и Јапонија ќе разменуваат уметници и заедно ќе организираат фестивали и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и Јапонија ќе разменуваат уметници и заедно ќе организираат фестивали и работлници од областа на културата. Двете држави потпишаа меморандум за соработка, по повод 30 годишнината од билатералните односи меѓу државите.

„Па меморандумот е по општ во својата природа, и опфаќа повеќе области, меѓу кои размена на уметнци, размена на знаења, исто така опфаќа дел од дигитализацијата на нашето културно наследство, заштита на културното наследство, соработка во делот на фестивали, работилници итн. Така да еден сеопфатен документ кои што работевме од прилика околу една година, да го усогласиме текстот, за да можеме нели, да направиме една рамка во кои што би можеле во иднина да проектираме многу проекти, кои би донеле културна, плодна соработка меѓу двете земји“ вели Андријана Цветковиќ, советник на јапонскиот министер за култура

Синоќа се одржа концерт во Македонскиот народен театар, на кој присуствуваа Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова како и повеќе министри. На настанот присуствуваа и комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура како и амбасадорот на Јапонија во Македонија, Оцука Казуја.

Реклама

„Па навистина ова е една историска посета на комесарот за култура на Јапонија, и мислам дека потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу двете земји, ќе ги унапреди односите во секаков поглед вели Андријана Цветковиќ, советник на јапонскиот министер за култура

На концертот, Џез-оркестарот изведе композиции инспирирани од македонското изворно творештво, како и авторска композиција на гостинот Нобуо Ватанабе од Јапонија.

Давид Крстевски