Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Дурмиши: Над 600 прехранбени производи ќе се најдат во новогодишната кошничка

Привршуваат пресметките за т.н. новогодишна потрошувачка кошничка. Министерството за економија во консултации…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Привршуваат пресметките за т.н. новогодишна потрошувачка кошничка. Министерството за економија во консултации со трговците, производителите и синдикатите ги прави последните калкулации за над 600 производи на кои ќе треба да им се замрзнат бруто профитните маржи, за крајните цени да бидат поволни за купувачите. Листата е проширена за разлика од есенската кошничка со нови сезонски производи кои граѓаните најмногу ги купуваат околу новогодишните празници.

Владата беше задоволна од ефектите од есенската кошничка. Секое семејство заштеди во просек по околу 20 евра.

Стандардот на македонскиот работник треба да се зголеми со покачување на минималецот, потег кој редовно прави притисок и ги подига и останатите плати во земјата. Привршуваат преговорите меѓу синдикатите, работодавачите и владата. Нов состанок на Економско-социјалниот совет на кој ќе се стави на дневен ред ова прашање, ќе се одржи во првата недела од декември. Според ССМ, аргументите за минимална плата од над 27 илјади денари се на нивна страна. Од синдикатот го поздравуваат и покачувањето на палтите во здравството и образованието.

Реклама

Доколку не падне договор на Економско-социјалниот совет, редовното законско покачување на минималецот би изнесувало 1600 до 1800 денари. Сепак, Владата остави простор за негово поголемо зголемување од март наредната година. Министерката за финансии рече дека во буџетот за догодина има бафер, односно дополнителни пари, но ќе се чека да падне договор околу висината на минималната плата. Минималната плата во моментов изнесува 22.567 денари.