Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Прилози

По осум години конечно ќе профункционира Комората на вештаци

После осум години конечно ќе заживее Комората на вештаци. Речиси една деценија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После осум години конечно ќе заживее Комората на вештаци. Речиси една деценија во судските постапки владееше хаос затоа што кој ќе стигне можеше да нарачува вештачења и супер вештачења од луѓе коишто функционираа без да подлежат на дисциплински постапки и да имаат надредена институција којашто ги контолира. Од сега натаму, Комората ќе биде таа што ќе ги регулира и ќе врши проверка на лиценците на вештаците.

Нејзиното заживувањето е една од рефомите на Министерството за права за побрзи и објективни судски пресуди. Министерот Игор Филков вели дека без квалитетно и навремено вештачење многу судски постапки се одолговлекуваат, а во некои случаи невозможно е да се донесат правилни и објективни одлуки. Тој уверува дека со Комората овој проблем ќе се реши.

„Ова е значаен напредок за правосудниот систем. Со основањето на Комората, се решаваат долготрајните проблеми на вештаците, како во поглед на заштитата, така и во однос на издавањето и валидноста на лиценците,“ истакна Филков.

Реклама

Претседателот на Комората Виктор Карман уверува дека секој кој се огрешил ќе се соочи со законска дисциплинска постапка и со последици. Најави дека наредниот месец ќе се објави јавен повик на кој ќе се бараат луѓе што треба да го пополни недостатокот до квалитетни вешатаци.

„Ќе работиме професионално и според законските одредби. Следниот месец ќе биде објавен оглас за сите кои сакаат за првпат да станат вештаци и да добијат лиценца,“ изјави Камнар.

Имено, вештачењата се на првото место како ризик за корупција во судството во проценката што лани ја објави ОБСЕ. Наодите на вештаците се најдоа како највисок фактор на ризик пред слабите обвиниенија, блискоста меѓу адвокатите и обвинителите, блискоста меѓу адвокатите и судиите, злоупотребата на АКМИС – системот и уште серија други ризици кои го прават судството коруптивно.

Поранешниот министер Кренар Лога направи обид да ја рестартира Комората. Тој основа 18 професионални одделенија и постави раководители. Од секое одделенија беше избран еден член во Основачкото собрание на Комората. Овој потег на тогашниот министер дел од вештаците го оценија како недоверба кон нив. Сепак, комората и на тој начин не профункционира.