Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

61-годишна скопјанка стана мајка, по 10 инвитра и 10 абортуси го роди синот Петар

Десет спонтани абортуси и уште исто толку ин-витро обиди, не ја скршија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Десет спонтани абортуси и уште исто толку ин-витро обиди, не ја скршија волјата на  61-но годишна Скопјанка, која вчера, стана највозрасната родилка во Македонија. Таа роди здраво машко бебе. Малиот Петар тежи 2 килограми и 350 грама, а породувањето беше извршено на скопска Гинекологија. Директорката Ирена Алексиоска-Папестиев, порача, дека за медицината повеќе не постојат граници, а случајот со 61-но годишната родлика е доказ за тоа.

Во светот на медицината не постојат повеќе граници и дека медицината во Македонија може да се мери со онаа во светот. Добила ин-витро третман во нашата држава, цела бременост и била следена во нашата држава и раѓањето е завршено на универзитетската клиника за гинекологија и акушерство“, изјави директорката на скопска гинекологија, Ирена Алексиоска Папестиев.

61 годишната мајка имала замрзната јајце клетка, а во текот на бременоста, која била контролирана ѝ се појавил висок притисок и шеќер, но, сè поминало во најдобар ред.

Реклама

„Денеска и мајката и бебето во добра општа состојба, одлична општа состојба, ги испративме дома, нејзиниот сопруг е 65 годишен, само што отишол во пензија и кажа нема проблем кој да го чува детето“, изјави Алексиоска.

Жената херој, како што ја нарече директорката на ГАК, бил породена со царски рез во 36-тата недела од бременоста. Таа претходно, имала богато минато со гинеколошко – акушерски зафати. Врз неа биле извршени  три интервенции, од кои две, во Белград.

Љубиша Владимиров