Oткриена статуата на деецот на Mакедонската револуционерна организација Димитар Влахов
Денеска пред Социјалистичката партија на Македонија е откриена статуата на македонскиот, државник…
25.11.2024
Сподели:
Фото: Алфа Вести
Денеска пред Социјалистичката партија на Македонија е откриена статуата на македонскиот, државник и деец на Македонската револуционерна организација Димитар Влахов. Човек кој неуморно работел на меѓународната афирмација на самобитноста на македонскиот народ и неговата борба за слобода и учествувал во народноослободителните војни против фашистичките окупатори. Статуата ја откри неговиот внук Миле Влахов, а претседателот на Социјалистичката партија, Љупчо Димовски рече дека владата и социјалистите во неа се должни да му обезбедат иднина на македонскиот народ по принципите и делувањето на Влахов. Со откривањето на бистата, Димовски рече дека Социјалистичката партија исполни еден цивилизациски долг кон личноста која целиот свој живот работел и се борел за слободата на Македонија.